Наслов на реализирана активност: Посета на нашиот град
Опис на активноста: Да го одбележиме 13 Ноември - роденденот на Скопје и да се запознаат со убавините на својот крај , народното богатство и културата. Со организиран автобуски превоз децата заедо со воспитниот кадар и негувателките , како и неколку родители организираа посета на градскиот плоштад . При прошетката во градот се посочија на набљудување на портата, фонтаните, камениот мост, реката Вардар , скопското Кале и др. високи и ниски објекти кои се наоѓаат блиску и далеку од плоштадот. додека се движеа фатени во вовче пееа песна „Мојот град Скопје„ и рецитираа стихотворба „ За Скопје„ кои ги обработивме во претходниот период . По реализираната посета децата нацртаа и впечатоци од прошетката .
Возрасна група: Средните (4-5 гд.) и големите гр. (5-6 год.)
Воспитувач: Сите воспитувачи и негуватели од воспитните групи
Објект: Пони
Датум: 13.11.2018 година