Наслов на реализирана активност: Новогодишен панаѓур
Опис на активноста: Преку оваа активност имавме за цел детето да развива љубов и интерес за учество во активност , проект или работилница во соработка со возрасни, негување на позитивните чувства и емоции и јакнење на довербата во себе . Соработката со родителите и овој пат беше многу успешна , а истите учествуваа во приготвување на новогодишни колачи, кифли и украси.
Возрасна група: децата од сите воспитни групи
Воспитувач: Татјана Арсовска, Викторија Стојановска, Анета Спасевска, Ана Мердита , Стефана Димитриеска , Шерифе Нуредин и Донка Сотировска
Објект: Сонце
Датум: 20.12.2018 година