Наслов на реализирана активност: Подготовка на животните за во зима
Опис на активноста: „Штурецот и мравките„ - обработка на басна . Целта ни беше децата да се запознаат со басната како литературна творба, да се стекна со знаења како се подготвуваат животните за во зима и да се збогати детскиот речник со зборови кои означуваат поопшти поими.
Разговаравме на тема : Што е басна?
На лаптоп поврзан со звучници децата ја следеа басната „Штурецот и мравките„. Потоа разговаравме за содржината на басната и како животните се подготвуваат за во зима . Активноста заврши со цртање на содржината на басната. Активноста е дел од проектот „КНИГАТА - ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ„
Возрасна група: Голема гр. (5-6 год.)
Воспитувач: Крстена Јовановска
Објект: Пони
Датум: 30.11.2018 година