Наслов на реализирана активност: Ја китиме новогодишната елка
Опис на активноста: Да се развиваат вештини за движење на дланките и прстите за конкретна цел и да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали. Оваа година еден од родителите на децата ни ја донираше својата стара елка и ние заедно со децата имавме задача да ја накитиме . Секое дете донесе и закачи по некој лампион и активно учествуваше во китењето. На тој начин децата ја вежбаа фината моторика на рацете , учествуваа во уредување на занималната. Додека ја китевме елката пеевме и новогодишни песнички
Возрасна група: Голема г. (5-6 год.)
Воспитувач: Крстена Јовановска
Објект: Пони
Датум: 17.12.2018 година