Артикли

Годишна програма за работа

 

ЈАВНА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА - ДЕТСКА ГРАДИНКА „25 МАЈ“

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА - СКОПЈЕ

 

 

 

СКОПЈЕ,    Август - 2021 год.

 

С  о  д  р  ж  и  н  а

$11. ВОВЕД  - МИСИЈА, ВИЗИЈА И ПОЈДОВНИ ОСНОВИ

$12. ОРГАНИЗАЦИЈА  И РАБОТНО  ВРЕМЕ

$13. ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА

$14. РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРУПИ

$15. РАБOTА НА ДИРЕКТОРОТ И СТРУЧНИТЕ И ДРУГИ РАБОТНИЦИ

$16. СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

$17. СОРАБОТКА СО ДРУГИ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ,СПОРТСКИ, ЗДРАВСТВЕНИ, КУЛТУРНИ, НАУЧНИ И ДРУГИ УСТАНОВИ, ФОНДАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

$18. АКТИВНОСТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА

$19. ПЕРМАНЕНТНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

$110. РАБОТА НА СТРУЧНИТЕ ОРГАНИ

$111. ДРУГИ РАБОТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА

I . ВОВЕД- МИСИЈА, ВИЗИЈА  И ПОЈДОВНИ ОСНОВИ

 

$11. МИСИЈА  И ВИЗИЈА

1.МИСИЈА

В-  ВОДИЛКА НА ДЕТСКАТА ИДНИНА

И- ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Н- НЕЖНА ТОПЛА ПРЕГРАТКА

О- ОТКРИВАМЕ, ОСОЗНАВАМЕ

Ж- ЖИВОТ ПОЛН СО НАСМЕВКИ

И- ИНСПИРАЦИЈА И КРЕАТИВНОСТ

Т- ТОПЛИНА КАКО ВТОР ДОМ

О- ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТАНИЕ - ТЕМЕЛ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

2.МОТО

 

Програмата за воспитно-образовна работа во јавните детски градинки треба да им помогне на децата да се едуцираат за да ги прошират своите познавања, да формираат поими, да постигнат основни вештини и позитивни ставови кон учењето, да почнат да ги развиваат своите способности и таленти во различни подрачја.

Планираните активности ќе  ги поттикнат децата да истражуваат,  да предвидуваат, да сознаваат , да прашуваат и да анализираат. Кај секое дете интелектуалната, физичката, социјалната, емоционалната и креативната димензија се меѓусебно поврзани. Затоа Програмата се однесува на сите аспекти на развојот на детето што ќе создаде можност за соодветно изразување низ: јазични активности, драмски, ликовни, како и кооперативни активности со возрасните. Децата поттикнати  од вродената љубопитност се жедни за постојано учење и затоа многу е важно да се искористи природната љубопитност и креативност, со што ќе создадеме учење по мерка на детето.

Доколку се инвестира во раниот детски развој, од раѓањето, па се до петтата година, понатамошното развивање на когнитивните и социјалните вештини во овој период  може многу да се постигне бидејќи тоа е решението за подобро образование и подобри резултати во останатите сфери од животот како и поголем економски просперитет. Резултатот е многу поспособни, попродуктивни и ценети граѓани .

Ако сето ова го имаме во вид, нашите заложби како градинка и носители на дејноста ќе бидат:

$1еднаков  пристап до квалитетно образование за секое дете, индивидуализирано подучување, холистички пристап кон развојот на детето однoсно методологија која е насочена кон детето, инклузија, вклучување на семејствата и заедницата, користење разновидни пристапи кон учењето и создавање стимулативна средина која меѓу другото ја одразува и културата од која потекнуваат децата.  

Раниот детски развој не треба  да се сфати како трка,

тоа е единствено патување на секое дете посебно.

 

1.2.ВИЗИЈА

 

 

$11.3. ПОЈДОВНИ ОСНОВИ

Јавната установа за деца- Детската градинка ,,25 Мај,, Општина Гази Баба-Скопје, (во понатамошен текст : Детската градинка ), целокупната згрижувачка и воспитно-образовна дејност ја програмира, организира и реализира  врз основа на :

$1Законот за заштита на децата (Сл.весник на Р.М. бр.23/13 со измените и

дополнувањата во Сл.весник бр.12/14,44/14, 144/14,10/15,25/15, 150/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, Сл. Весник на РСМ бр. 104/2019, 146/2019 и 275/2019 ),

$1Статутот на Детската градинка;

$1Програма за рано учење и развој (Сл.весник на РМ бр.46/2014)

$1Програма за рано учење и развој за деца со пречки во развојот;

$1Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Сл.весник на РМ бр.28/2014 со измените и дополнувањата во Сл.весник на РМ бр.40/14,136/14,71/15, 170/16 и 151/18)

$1Правилник за формата, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и Центар за ран детски развој (Сл.весник бр.87/2013 со измените и дополнувањата во Сл.весник бр.154/13, 127/14 , 146/15 ,159/16 и 85/19),

$1Правилникот за начинот на водење на евиденцијата, како и содржината и формата на евиденцијата во установа за деца  (Сл.весник на РМ бр.88/2013)

$1Правилник за побилиските критериуми за формирање и работа на советувалиштето за деца и родители во јавните детски градинки/Јавен центар за ран детски развој (Сл.весник бр.62/2013)

$1Програма за едукација на децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на деца, со процесот на одгледување и консумирање на здрава храна;

$1Упатство за планирање на активности од програмата за рано учење и развој за стекнување на здрави животни навики и безбедно однесување кај децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на деца;

$1Упатство за реализација на програмата за рано учење и развој и достигнување на стандардите за рано учење и развој преку вклучување на традиционални игри во установите,  како и

$1постоечката законска регулатива.

II.ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТНО ВРЕМЕ

$11. ОРГАНИЗАЦИЈА

 

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

Организационата поставеност на работата во детската градинка овозможува правилно изведување на воспитно-згрижувачката дејност.

Детската градинка својата дејност ја обавува во шест(6) работни единици, лоцирани на шест локалитети и тоа:

ред.бр.

Имена

објектот

Нето корисна површинана објектот,во м2

Локација - Место

Адреса

1

Сонце

1.849 м2

н. Методи Андонов Ченто

ул.СреќкоПужалка-112

2

Синоличка

1.200 м2

н. Методи Андонов Ченто

ул.Катлановска бб

3

Искра

  1. 680 м2

н. Методи Андонов Ченто

ул.Палмиро Тољати бб

4

Детелинка

1.232 м2

н.Триангла

ул.Модест Мусоргски бб

5

Пони

1.186 м2

н.Хиподром

ул. Пехчевска бб

6

Морковче

569 м2

н.м.Јурумлери

ул.2А бр.1

 

Вкупно

     

Со одлука Бр.09-2053/7 од 27.05.02021 година за стекнување статус на објект во состав на ЈУДГ 25 Мај - опш. Гази Баба Скопје и определување на име на објектот во состав на ЈУДГ 25 Мај опш. Гази Баба Скопје , во населено место Стајковци   Совет на општина Гази баба донесе одлука, објектот на градинката изграден во населеното место Стајковци се стекнува со статус ‘‘ Објект во состав на ЈУДГ 25 Мај - опш. Гази Баба Скопје.

За име на објектот во состав на ЈУДГ 25 Мај опш. Гази Баба Скопје, се определува - ‘‘ ПЕПЕРУТКА,, .  

ред.бр.

Имена

објектот

Нето корисна површинана објектот,во м2

Локација - Место

Адреса

7

ПЕПЕРУТКА

  1. 1022 м2

с. Стајковци

ул. бр.

 

Со мислење Бр.11-4802/3 од 21.07.2021 година Министерството за труд и социјална политика констатира сека се исполнети законските услови за основање на објект во с. Стајковци , опш. Гази Баба.

Општина Гази Баба треба да донесе одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на нов објект во с. Стајковци во состав на јавната установа за деца - детска градинка 25 Мај опш. Гази Баба Скопје.

Сите објекти се наменски изградени, шест објекти се од тврда градба, а објектот „Искра“ е од монтажен комбиниран тип.

Осврнувајќи се на условите за работа, може да се каже дека во постојните капацитети на Детската градинка  во голем дел се создадени услови што овозможуваат  целокупната дејност да  се одвива успешно.

Просториите  во објектите се опремени со опрема сообразена со возраста и потребите на децата.

Објектите располагаат со дворна површина која  во целина претставува уште еден позитивен  услов за солиден престој на децата на отворено. Редовно се води грижа за одржување  на дворовите што подразбира редовно засадување садници, нивно негување и одржување како и секојдневна грижа за негување на цветните и тревните  површини.

Сите објекти работат по принципот клонови, со тоа што административно-стручните работи се  обавуваат во објектот Сонце. Во овој објект се наоѓа и централната кујна од каде главниот ручек се дистрибуира во останатите објекти.

 

ПОСТАВЕНОСТ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ  МЕСТА.

Во согласност со Законот за заштита на децата , Стандардите и нормативите за извршување на дејноста, Законот за вработените во јавниот сектор, Систематизацијата на работите и работните места, како и  останатите законски прописи, во Детската градинка вработени се лица на неопределено време, вработени на определено време и  лица ангажирани  по договор на дело.

Вработените во детската градинка имаат статус на вработени  во јавниот сектор во согласност одредбите од  Законот за вработените во јавниот сектор  и се поделени во три  служби:

$11. Административно-помошно техничка служба

$12. Служба на даватели на услуги

$13. Помошна- техничка служба.

Во оваа учебна година, со состојба 15.09.2021 година  состојбата со извршители е следна:

ред.

бр.

Работно место

Степен  /  Вид на образование

Број на извршители

 

Вработени на неопределено време

 

Раководно лице

   

1

Директор

ВСС-филозофски факултет

1

 

Даватели на услуги

   

2

Стручен работник - дипломиран педагог приправник

ВСС-филозоф.факултет- педагогија

/

3

Дипломиран логопед приправник

ВСС-логопедија

/

4

Дипломиран психолог приправник

ВСС- филозофски факултет- психологија

/

5

Дипломиран социјален работник - приправник

ВСС- филозофски факултет- Социјална работа и социјална политика

/

6

Стручен работник- дипломиран дефектолог/ спец. едук. рехаб

ВСС- филозофски факултет- дефектологија

1

7

Стручен соработник - музички педагог

Факултет за музички уметности

1

8

Стручен соработник -дипломиран педагог по физичко воспитание

Факултет за физичко образование, спорт и култура

1

9

Виша медицинска сестра приправник

Медицински науки

/

10

Воспитувачи на деца од 2 до 6 год. возраст

ВСС- Предучилишно воспитание

30

11

Воспитувач - приправник

ВСС - Предучилишно воспитание

5

12

Негователи

ССС

47

13

Неговател - Приправник

ССС

4

 

Админитративна сл.и управу-вање со човечки ресурси

   

1

Советник секретар

ВСС- правни науки

1

2

Виш референт аналитичар евидентичар

ССС

/

3

Виш соработник

Сметководител

ВШС-економски науки

1

4

Самостоен  референт

Мат.книговодител

ССС

1

5

Помлад референт - администратор

ССС

/

6

Помлад соработник-сметководител

ВСС

1

 

Помошна-Техничка служба

   

1

Возач

ССС

1

2

Гл.готвач

ССС

1

3

Пом.готвач

ССС

2

4

Садомијач/ сервирка

НКВ/ ССС

9

5

Хаус мајстор

ССС

2

6

Магационер

ПКВ

1

7

Чувар-градинар

НКВ

4

8

Перачка-пеглачка

НКВ

1

9

Хигиеничар

НКВ

16

10

Набавувач

 

/

 

Вкупно вработени со статус враб.во јавен сектор

 

131

 

Вработени преку Агенција за привремени вработувања

   

1

Референт - Аналитичар

ССС

1

2

Воспитувач

ВСС

0

3

Неговател

ССС

4

4

Администратор – вршител на административни работи

ССС

1

5

Садомијач сервирка

ССС

0

6

Хигиеничар

ССС

2

 

Вкупно

 

8

 

СЕ ВКУПНО

 

139

 

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

На ниво на Детска градинка просторните услови ги прикажуваме како што следува:

1. Вид  на просторијата

Број

Простории за згрижувачка и воспитно-образовна дејност

 

ЗАНИМАЛНИ - РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ

57

ФИСКУЛТУРНА  САЛА

5

БИБЛИОТЕКА

1

ПОСЕБНА ПРОСТОРИЈА ЗА ЧУВАЊЕ НА АУДИО-ВИД.СРЕДСТВА

2

ДРУГИ ПРОСТОРИИ

8

Простории за општествена и педагошка дејност

 

ПРОСТОРИЈА ЗА ДИРЕКТОР - УПРАВИТЕЛ

7

ПРОСТОРИЈА ЗА ПЕДАГОГ

2

ПРОСТОРИЈА ЗА ПЕДАГОШКО-МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

7

ПРОСТОРИЈА ЗА ВОСПИТУВАЧИ

7

ПРОСТОРИЈА ЗА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ПРИРЕДБИ

2

ДРУГИ ПРОСТОРИИ

11

Простории за здравствени, санитарни и други потреби

 

ПРОСТОРИЈА ЗА ПРИЕМ И ИСПРАЌАЊЕ НА ДЕЦА

16

ПРОСТОРИЈА ЗА ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

7

КУЈНА

7

ХОДНИЦИ

 

САНИТАРНИ ЈАЗЛИ

 

ДРУГИ ПРОСТОРИИ (перална,  остава,трокадери )

 

ВКУПНА НЕТО КОРИСНА ПОВРШИНА

7.738 М2

Скривници

4

Магацини, помошни простории

 

ВКУПНА ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТИТЕ

9.150м2

Дворни и други површини

 

УРЕДЕНИ ДВОРНИ ПОВРШИНИ (хортикултивирани)

25.270 m2

УРЕДЕН СПОРТИСКИ ТЕРЕН

1

В К У П Н О  ДВОРНА ПОВРШИНА

34.420 м2

БИБИЛИОТЕКА

Детската градинка не располага со посебна просторија за библиотека. Во сите објекти има кабинети кои располагаат со најразлични нагледни средства од сите воспитно-образовни подрачја. Истите редовно се збогатуваат  со дидактички помагала кои ги изработуваат воспитниот и  згрижувачкиот кадар. Кабинетите располагаат со стручна и детска литература и со редовно следење на издавачката дејност постојано се збогатува и дополнува фондот на книги со ново излезена стручна, педагошка, здравствена и друга литература.

Сите објекти во насока на збогатување на библиотечниот фонд се опремени со низа литературни списанија, разни детски енциклопедии од различни области што допринесува за збогатување на детскиот спектар на знаење за низа сегменти од  неговото опкружување и живот.

Детската градинка е претплатена на списанието    Просветно дело педагошкото списание  и  Воспитни крстопати.

Од  издавачките куќи традиционално се набавуваат детските списанијаСупер Смешка од Издавачката куќа Едука Мак и Росица од Издавачката куќа Просветно дело.

2. РАБОТНО ВРЕМЕ

УТВРДЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Работното време на Детската градинка е уредено со акт на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Детската градинка  е отворена за работа со деца секој работен ден освен сабота, недела и државни и други празници утврдени со закон.

Работното време  на Детската градинка во текот на денот изнесува 12 часа и трае од 06,00 наутро до 18,00 часот попладне, утврдено со Решение од Советот на Општина Гази Баба

Распоредот на работното време на работниците е скалесто  во рамките на 8 часовен работен ден.

ДНЕВНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО ВО ГРАДИНКАТА

 Организација на денот во групите за деца – целодневен престој  по возрасни групи е следна:

Дневни активности за деца од најрана предучилишна возраст

1. За деца до 18 месеци                              2. За деца над 18 до 24 месеци

Активности

Време

Активности

Време

-прием на децата и слободни активности

до 8,15ч

-прием на децата и слободни активности

до 8,15ч

-подговотка за појадок и појадок

8,15 ч

-подговотка за појадок и појадок

8,15 ч

-реализација на дневното планирање

9,00 ч.

-реализација на дневното планирање

9,00 ч.

-ужинка

10,00ч.

-ужинка

10,00ч.

-тоалет и подготовки за спиење

10,20ч.

-слободни игри и престој на свеж воздух

10,30ч.

-пасивен одмор-спиење

10,50ч.

-тоалет , подготовки за спиење

11,30ч.

-тоалет, подготовки за ручек

12,50ч.

-ручек

12,00ч.

-ручек

13,10ч.

-пасивен одмор-спиење

12,45ч.

-миење раце и тоалет

13,40ч.

-ужинка

14,45ч.

-слободни игри и престој на воздух

14,00ч.

реализација на дневното планирање

15,10ч,

-ужинка

15,00ч.

-слободни игри

15,30ч.

-реализација на дневното планирање

15,30ч.

-заминување на децата

до 18,00ч.

-слободни игри

16,00ч.

   

-заминување на децата

до 18,00ч.

   

Дневни активности  за деца од постара предучилишна возраст

1. За деца над 2 до 4 години                 2. За деца над 4 до  6 години

Активности

Време

 Активности

Време

-прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)

до 8,15ч

-прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)

до 8,15ч

-утринска гимнастика

8,15 ч

-утринска гимнастика

8,15 ч

-појадок

8,30ч.

-појадок

8,30ч,

-реализација на дневното планирање

9,00ч.

-реализација на дневното планирање

9,00ч,

-ужинка

10,00ч.

-ужинка

10,00ч.

- реализација на дневното планирање

10,30ч.

- реализација на дневното планирање

10,30ч.

-прошетка, набљудување и престој на свеж воздух

11,00ч.

-прошетка, набљудување и престој на воздух

11,15ч.

-ручек

12,15ч.

-средување на центрите за учење

12,00ч.

-пасивен одмор-спиење

12,45ч,

-ручек

12,15ч.

-ужинка

14,45ч.

-пасивен одмор-спиење

12,45ч.

-реализација на дневното планирање

15,15ч.

-ужинка

14,30ч.

-слободни игри

16,30ч.

-реализација на факултативни програми (програми по избор  на родителите, децата:.јазик, спорт, ритм.игри, балет)

15,00ч.

-средување на центрите за учење

17,30ч.

-слободни игри

16,45ч.

-заминување на децата

до 18,00ч.

-средување на центрите за учење

17,30ч.

   

-заминување на децата

до 18,00ч.

III. ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА

 

1.РЕАЛИЗИРАЊЕ НА  ПРОГРАМАТА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА

 

1.1.ОСНОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА ЗА ДЕЦА

ОД 08 ДО 24 МЕСЕЦИ

Емоционалната врска на детето со негователот во групата е битен  предуслов за неговиот правилен и успешен психофизички развој.

Работата во групите со деца од најрана предучилишна возраст покрајгрижатаи негата на детето подразбира и развивање на елементарните навики за исхрана, навики за контролирање на физиолошките потреби, формирање на хигиенски навики и слично. Преку планирани воспитни активности се развиваат детските сетилни органи, движењата, со што децата се поттикнуваат на одредени активности презентирани преку различни видови на игри (дидактички, подвижни, манипулативни игри и сл.).

Со оваа Програма на децата ќе им се овозможи да ја доживеатградинката како средина каде сите имаат еднакви можности да се вклучат во животот и работата без оглед на телесната, половата, психичката конситуција,  националната припадност, културно потекло, да ги развива социјалните перцепции, да ги развива способностите за адаптација во нова средина, интерперсоналните односи и комуникациските вештини, развивање на поимот за себе и свест кон групата, развивање на социјална интелигенција, воведување на детето во универзални човекови вредности и етички принципи.

Во секоја група за деца од 8 до 24 месеци се води  дневник за планираните и реализираните активности.

 

$11.2. ОСНОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА

ОД 2  ДО 6 ГОДИНИ

Бидејќи раниот детски развој има огромно значење за децата, многу е важно  каква треба да биде воспитно-образовната дејност во градинката. На тој начин им овозможиме максимална поддршка на децата да израснат во самоуверени, продуктивни и среќни членови на нашето општество.

Во контекст на ова се и нашите заложби како установа - детска градинка,за унапредување и усовршување на воспитно-образовниот процес.

Во групите  кои опфаќаат деца од постара предучилишна возраст активностите ги реализираат воспитувач и неговател.

Воспитувачот врз основа на Програмата за рано учење и развој, а имајќи ги во предвид условите за работа, пошироката околина, културата и менталитетот во средината, индивидуалните разлики, потребите и можностите на децата во конкретната група, изготвува:

$1долгорочно планирање кое се однесува на целата воспитна година одн. наставната програма;

$1среднорочно одн. конкретизација на годишното и се однесува на определеното време од годината - односно за дел од содржините; и

$1краткорочно (дневно, оперативен план) односно конкретизација на тематското планирање и се однесува на еден работен ден.

Тематското планирање е потребно за:

$1· Создавање на стимулативна и креативна средина за учење;

$1· Позитивна работна клима;

$1· Активно учество на децата;

$1· Можност за изразување на индивидуалните способности;

$1· Висок степен на интеракција;

$1· Примена на различни методи на работа;

$1· Користење на повеќе извори на знаење во градинката и надвор од неа;

$1· Тимска работа на воспитувачите;

$1· Проширување на облиците на соработка со родителите.

Главната цел на тематското планирање е детето да истражува и согледува различни страни на проблемот со кој се занимава, преку центри на интересирање, кои преку интеграција на содржините и активностите го обезбедува развивањето на основите вредности кои децата ги стекнуваат: самостојност, независност, иницијативност, креативност, одговорност кон себе и околината итн.

Програмата за рано учење и развој за деца од 2 до 6 години е изготвена со потенцирање на пет основни домени. Во рамките на секој домен постојат субдомени и стандарди кои ќе му помогнат на воспитно-згрижувачкиот кадар да знае што да очекува од децата на дадена возраст.

ДОМЕН

СУБДОМЕН

СТАНДАРДИ

Физичко здравје и моторен развој

Груб моторен развој

Фин моторен развој

Здраво и безбедно однесување

Сензомотерен развој

Постојат од два до четири стандарди во секој субдомен и се исти за сите возрасни групи

Социоемоционален развој

Социјален развој

Емоционален развој

Постојат од два до четири стандарди во секој субдомен и се исти за сите возрасни групи

Пристап кон учење

Љубопитност и иницијативност

Креативност и истрајност

Постојат од два до четири стандарди во секој субдомен и се исти за сите возрасни групи

Јазик, комуникација и развој на писменост

Комуникација

Основи за читање

Основи за пишување

Постојат од два до

четири стандарди во секој субдомен и се исти за сите возрасни групи

Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Логика и размислување

Математика и броеви

Уметност

Наука

Постојат од два до четири стандарди во секој субдомен и се исти за сите возрасни групи

Како предлог- теми  за успешно реализирање на воспитно-образовната работа со деца од постара предучилишна возраст  за престојната година планирани се следните:

$11. Градинкадечиња мои пријателчиња

$12. Eсенска кралица, дарежлива убавица

$13. И студената зима убавини има

$14. Семејно стебло

$15. Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

$16. Кога ќе пораснам ќе бидам......(професии)

$17. Различни, а сепак исти (мултикултира)

$18. Животинско царство

$19. Да ја сочуваме нашата зелена планета (Планетата Земја)

$110. Пролетта е тука, на врата ни чука

$111. За поубав свет - засади дрво, засади цвет - Еко тема

$112. Летни игри – добредојде лето

Која од наведените теми ќе биде разработена во текот на годината  ќе одлучи Советот на  воспитувачи.

  1. 2. ПРОЕКТИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ

2.1.ЕКСТЕРНИ ПРОЕКТИ

 

2.1.1.

Инклузија на децата од ромската популација во редовните групи во детските градинки . Главна цел на проектот е подобрување и подршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на децата-Роми во детската градинка и тоа една година пред поаѓање во училиште. Исто така да се настојува да се подобри пристапот и ставот на родителите преку јакнење и подршка на развојот и образованието на ромските деца. Да се подобрат социјалните вештини како и подигнување на нивото на владеењето на македонскиот јазик и надминување на стереотипите. Овој проект во континуитет се реализира во објектот Искра.  Со проектот се опфатени 20 деца од социјално загрозена категорија на возраст над четири до шест год.возраст со цел нивно успешно вклучување во редовниот воспитно-образовен систем.Проектот е одобрен од Министерство за труд и социјална политика и подржан од Министерството за образование и наука . Проектот се финансира од четири извори:

$11.  Донација од РЕФ- од Будимпешта , и

$12.  Министерството за труд и социјална политика  

$13.  Општина Гази Баба

$14.  ЈУДГ „25 Мај“ - Скопје

2.1.2.

Инклузија на децата со посебни потреби во редовните групи,,

За вклучување на децата со посебни потреби во редовните групи потребни се пошироки и пофлексибилни услови во планирањето и реализирањето на воспитно-образовната програма со цел да се подобрат резултатите во работата со тие деца.

Програмски, предучилишното воспитание на детето со пречки во развојот се остварува низ два дела:

$1едукативен дел- чија основа се темели на компонентите на програмата на редовната воспитна програма, а по обемот и времето се усогласува со специфичностите и можностите на детето со пречки во развојот;

$1клинички дел на програмата-кој ги опфаќа подрачјата на когнитивните процеси: комуникации, сензомоторен развој, интелектуалните психички процеси, однесувањето, личната хигиена, грижата за себе како и подрачјето на семејниот и општествен живот.

Со цел  поуспешно реализирање на активностите со децата донесена е посебна програма за работа со деца со посебни потреби.

Овој проект се организира и реализира со децата од големите групи и од година во година се постигнуваат се подобри резултати благодарејќи на:

$1успешно вметнување на содржини од „Основи за демократија“ во сите теми  за воспитно-образовна работа;

$1стручно усовршување на кадарот за работа и примена на проектот во содветните програми за воспитно-образовно дејствување;

$1правилниот методски приод кон децата за нивно привикнување на наставните содржини од овој проект со препознавање , дефинирање, иднетификување, прифаќање и објаснување на последиците кои настануваат од исполнувањето на разните животни случки кои се обработуваат и објаснуваат;

$1едукација на родителите за примена на осознаените содржини во рамките на семејното воспитание на децата;

$1следење на ефектите од примената на дадениот проект.

2.1.3

„Спорт и спортски активности“

Проектот започна со реализација од претходната година , истиот продолжува и ова година. Ќе се организираат низа спортски активности со децата од  над три годишна возраст до поаѓање на училиште. Во активностите ќе бидат вклучени и родителите.

2.1.4.

„Градот низ детските очи“.

Овој проект е наменет за децата од големите групи и тоа со наменска цел заради:

- запознавање со убавините на Градот, прошетка низ истиот, развивање на свест за историското, народното богатство и култура, како и за развивање на културниот идентитет.

- посети на значајни споменици, спомен обележја, разни институции кои се дел од историјата и сегашноста на нашиот град.

- зачувување на впечатоците кои ќе ги понесат децата од овие едукативни дружби и заеднички прошетки на соодветен начин преку цртежи.

2.1.5.

„Бон тон за деца“.

Реализација на овој проект е вклучена во секојдневните активности кои се реализираат во периодот од Септември – Јуни. Целта на овој проект е правилно, убаво и пристојно однесување во било која ситуација од секојдневниот живот  на децата и најстрого осудување на навредите и физичките пресметки.

2.1.6.

„Од дете за дете“

Оваа година продолжува со реализација хуманитарно-едукативниот проект „Од дете за дете“ предложен од МТСП. Овој проект е од  хуманитарна карактер од децата за децата преку која уште од најмала возраст најмалите ќе ги учиме на хуманост и солидарност. Една од целите на овој проект е децата да бидат солидарни, да научат да помагаат , да разберат колку е важно пријателството и да научат да ги почитуваат  потребите на другите.

Една од главната цел на Детската градинка е да ги покани родителите на децата доброволно да се вклучат во хуманитарната акција и да донираат детска облека, подароци и друга детска опрема за децата од социјално загрозените семејства и децата згрижени во установите со цел на своите врсници да им ја дадат потребната помош.

2.1.7.

 „Градина во детските градинки“

Имплементација на Проектот „Градини во детските градинки“ донесен од МТСП со реализација започна уште во летниот период и истиот ќе продолжи во тековната учебна година. Целта на овој проект е запознавање на децата со процесот на одгледување на растенијата, со нивните карактеристики, со начинот на нивното правилно консумирање,  разновидноста на зеленчуковата градина. За таа цел  во неколку објекти од нашата установа создадени се услови за негово правилно реализирање и веќе се согледуваат првичните резултати од  досегашните преземени активности.

2.1.8.

 „Почитување на различностите и мултикултурализмот во градинките“

Проектот продолжува да се реализира и во оваа учебна година. Со овој проект ќе бидат  опфатени  децата од најстара предучилишна возраст во сите објеки на установата. Проектот се реализира во заедничка соработка меѓу УНИЦЕФ и МТСП со подршка од Британската амбасада во РМ. Целта е воведување на почит кон разлучностите од аспект на јазик, култура, етничка припадност, попреченост, социо-економски статус во националната програма за рано учење и развој.  

2.1.9.

„Моја хигиена- моја навика“

Овој проект е систем за запазување на хигиената и хигиенските навики. Со импелментација на овој проект се исполнуваат основните програмски претпоставки на заштита, односно згрижување и едукација на децата од предучилишна возраст до вклучување во основно образование.  Со овој проект се опфатени групите со деца над три до шест годишна возраст.

2.1.10.

„ Рециклирање со имагинација“

Со овој проект се врши едукација на децата од предучилишна возраст, за бенефитите од селектирањето на отпадоците и негово рециклирање. Иницијативата на овој проект  е општа култура на новите генерации во знаење дека животната средина е клучна предност која треба да биде заштитена.  Интеракцијата и секојдневните активности со врсниците како и возрасниот кој му овозможува да ја насети потребата да ги следи правилната на однесување за да се чувствува подобро во средината во која живее.

Со овој проект се опфатени деца  од воспитните групи на возраст од три до шест години. Проектот ќе се реализира континуирано цела година низ секојдневните активности.

2.1.11.

„Семејството и семејните вредности“

Целта на овој проект е развивање на свест кај децата од предучилишна возраст за важноста на семејството во градење на почит и љубов кон семејните вредности. Со овој проект се опфатени деца во воспитни групи на возраст од три до шест години.

Проектот ќе се реализира континуирано цела година низ секојдневните активности.

2.1.12.

 „Проект за селектирање  и рециклирање со имагинација“

МТСП во соработка со ,,Пакомак“ ја вклучи и нашата установа во проектот за селектирање на отпад . За реализирање на проектот  обезбедени се корпи во сите објекти  на установата. со кеси за селектирање на амбалажен отпад- пластика и хартија. Целта на проектот е  да се мотивираат родителите на децата да носат амбалажен отпад од пластика . Овој проект има за цел  да се подигне еколошката свест и  да се стекнат навики кај децата за селективно собирање на отпадот и негово рециклирање.

2.1.13.

„ Здрави животни навики“

Овој проект  ќе продолжи со реализација и во оваа учебна година. Проектот се реализира во соработка со Општина Гази Баба.  Со проектот се опфатени  децата од воспитните групи над 5 годишна возраст.

2.1.14

 ,, Обука за воспитувачи за колегијална поддршка"

Проектот опфаќа цели, задачи, содржини и активности за унапредување на социо - емоционалниот развој кај децата - Темели за програмата за социјална кохезија и културен дијалог.

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во склоп на проектите, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

ПРЕДЛОГ ОД ВОСПИТНИОТ ТИМ НА  ЈУДГ „ 25 МАЈ“

Темите од екстерните проекти се опфатени во среднорочните тематски планирања и се работат во секојдневните активности.  Од таа причина воспитниот тим на ЈУДГ 25 ти Мај предлага:

Секој воспитувач во текот на годината паралелно со секојдневните активности темелно да разработи проект кој ќе го одбере тој самиот или во договор со колективот.

Доколку го прифатите нашиот предлог сметаме дека децата ке се здобијат со потемелни сознанија од одредена област.

 

 

2.2.ИНТЕРНИ ПРОЕКТИ

 

Нашата Детска градинка се стреми кон барање  на нови идеи и предизвици следејќи ги современите тенденции и трендови. За таа цел  ја планира и реализира работата на одредени проекти.  Преку проектот децата се поттикнуваат да истражуваат, откриваат, размислуваат во соработка со другарчињата, воспитувачите, родителите но и со други институции и организации. На таков начин децата се активни субјекти во процесот на стекнување на знаење учествувајќи во истражувачки активности, организирани посети, прошетки, работилници и сл.

Објект

Проект - Тема

Планирани

Активности

Период на реализација

 

         Екологија

Еко акција

а.Одржување на чистотата во занималната

б.Селекција и одложување на отпадот

в.Грижа кон природата и живиот свет

                 Дрвја и растенија

а. Изработка на хербариум

б. Одржување на двјата и растенијата

в. Заштита и полза од растенијата

г. Ден без автомобили

Септември и

 Октомври

Вода

а.Видови вода

б.Чиста и нечиста вода

в.Без вода нема живот

г.Експерименти и истражувања

                                 Воздух

а. Својства на воздухот

б. Чист воздух, воздух за здравје

в. Загадувачи на воздухот

г.Истражување

Ноември и

Декември

Птици

а.Видови птици и нивните живеалишта

б.Исхрана на птиците

в.Полза и заштита

г. Куќичка за птици

              Животните и екологијата

а. Посета на ЗOO градина

б. Исхрана, полза и заштита на животните

в. Живеалишта на животните

г. Ланец на исхрана

                Месец на екологијата

а. 21 ви Март ден на екологијата

б. Биди млад екологист

В. Транспаренти за чист воздух

Јануари,

Февруари и

Март

Почва

а. Својства на почвата

б. Истражувања и експерименти

в. Полза и заштита

                           Рециклирање

а. Селекција на отпад

б. Рециклирање – поим и примена

в. Креативни работилници

Април и Мај

                             Воден свет

а. Аквариум

б. Исхрана и живеалишта

в. Заштита на водени површини

г. Екологија на одмор

Јуни

Синоличка

Синоличка

Во светот на емоциите

„Почва“

                  Позитивни емоции

а. Поздравување

б. Круг на доверба

в. Изработка на плакат и календар на емоции

Септември

           Кога сум лут /лута, бесен/бесна

а. Дишење, тапкање, вежби

б. Балоните со бес и лутина ги пуштаме надвор

в. Изразување на емоциите преку цртеж

Октомври

                  Што ме растажува

а. Девојчето со кибритчињата - видеозапис

б. Приказна за дрвјата

в. Како се справувам со мојата тага?

Ноември

                  Новогодишни радости

а. Што ме прави среќен

б. Моделирање на смешни фигури

в. Нацртај го својот насмеан лик во снег, брашно и сл.

г. Куклена претстава

Декември

              Албум на емоции

а. Фотографија на ликови од повеќе емоции

б. Пантомима

Јануари

                                  Страв

а. Цртан филм - ,,Каспер добриот дух,,

б. Каде се го чувствуваме стравот?

в. Заспан дедо – подвижна игра

Февруари

                                  Љубов

а. Приказни од Ханс Кристијан Андерсон и Браќата Грим

б. Бојата на љубовта

в. Изработка на честитки – срциња и подарување

Март

Можам да проценам што е убаво и смешно

а. Што се е убаво за мене

б. Убава е природата

Април

                        Благодарност

а. За што сме благодарни , говорна игра

б. Честитки за благодарност

                        Збогум градинке

а. Забава и дружење

б. Дружење со кловнот Сашка

Мај

Јуни

Искра

„Вируси и бактерии“

- Поим за бактерии и вируси - Запознавање, обработка на текст „Пандорината кутија“

Септември

- „Како да ги измиеме вирусите и бактериите“ - експерименти со вода и сапун

Октомври

- Набљудување на бактерии и вируси под микроскоп (чиста и нечиста вода)

- Посета на „Водовод“ - прочистителна станица за вода

Ноември

- Алкохол, дезинфекциски средства,гелови и нивна правилна употреба во секојдневието

Декември

- Како се облекува и заштитува од вирусите и бактериите

- Зошто се носат маски,визири и скафандери и како правилно се употребуваат

- Посета на лекарска ординација

Јануари

- Што е имунитет и како да го подобриме нашиот имунитет

- Што се витамини и минерали, а што се тоа антитела

Февруари

- Куклена претстава „Нечиста Стана“

Март

- Пееме песни за вируси и бактерии и одржување на хигиена (пр. „Сапунче,сапунче“,„Витамини јадам“...)

Април

- Посета на медицинска лабараторија

- Забава за победа над корона вирусот - Слободно живееме

Мај - Јуни

Детелинка

 Во светот на детската музика

Како се создава звукот

$1Дувачки инструмент

$1Удирачки инструменти

$1Жичани инструменти

Септември

Оркестар

$1Народен оркестар

$1Забавен оркестар

$1Филхармонија

Октомври

Кој ја измисли музиката

$1Најстара музика

$1Композитор

Ноември

Видови музика

$1Народна музика

$1Детска музика

$1Забавна музика

$1Класична музика

Декември

Млади композитори сме ние

$1Пееме

$1Свириме

$1Подготвуваме инструменти

Јануари

Како на музика танцуваме

$1Балет

Февруари

Народно оро

Март

Игрите кај нас

Април

Музиката во светот

Мај

Подготвуваме детска песна со детски музички инструменти

Јуни

   
   

Пони

Вешти рачиња чуда прават

Алки на другарството

Септември

Вкусно овошје, ликовна игра

Октомври

Творење со суви листови

Ноември

Новогодишна магија

Декември

Зимски убавини

Јануари

Домашни животни

Февруари

Најубавиот цвет

Март

Мојата Планета

Април

Весели бубачки

На море

Мај

Јуни

Морковче

Здрава храна за детство без мана

Храната е неопходен извор на живот

Денови на Македонскиот мед, посета на фестивалот

Септември

Здрава храна- пирамида на исхрана

Октомври

Зошто е важно да се јаде овошје- посета на овоштарник

Ноември

Зошто е важно да се јаде зеленчук- посета на пазар

Декември

Млекото и млечните производи

Посета на Млекарата Суташ

Јануари

Месо, риба , јајца

Посета на месарница и живинарска фарма

Февруари

Житарици, посета на фабриката Виталија

Март

Јаткасти плодови

Април

Бон тон во исхраната

Мај

 

 

 

 

Пеперутка

 

 

 

 

 

 

 

Звуците околу мене

       

$1Звукот на ветерот

$1Звукот на дождот

 

$1Звукот на дрвјата/лисјата

$1Звукот на птиците

 

$1Звукот на животните

 

$1Звукот на песната

$1Децата создаваат звуци

$1- детски музички инструменти

 

$1Од каде доаѓа звукот и какви чувства буди тој

$1- Ај погоди- игра

$1- уметничка работилница

 

 

Куклена претстава- Најубавиот звук доаѓа од мојата мајка

 

$1Звукот на водата

$1- зукот на природата

 

$1Звуци во сообраќајот и сообраќајните средства

$1Звуците во летото

 

Септември

 

Октомври

 

 

 

Ноември

 

Декември

 

Јануари

 

 

Февруари

 

 

 

 

 

 

Март

 

 

Април

 

 

Мај

 

 

Јуни

   

 

 

3.ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ

 

 

Во контекст на имплементирање на четирите Еко стандарди  содржани во ЕКО-ПРОГРАМА  во редовната воспитно-образовна програма  го изготвивме следниот приказ на еколошките активности за  оваа учебна година.

Здравје– Еко стандард

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА

Ред. бр.

Точка на акција

Тема

Домен на развој

Возрасна група

Време на реализација

1

За што се ни е потребна здравата храна

Што е здрава и разновидна храна

Градинка дечиња мои пријателчиња

Есенска кралица, дарежлива убавица

-Социоемоционален развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

- Физичко здравје и моторен развој

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Септември

Октомври

Ноември

2

Изработка на пирамида за здрава храна

Есенска кралица, дарежлива убавица

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

-Когнитивен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст.

Ноември

Декември

3

Есенски хепенинг- Вкусна приказна

И студената зима убавини има

-Когнитиен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здраје и моторен развој

-Социоемоционален развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Јануари

Февруари

Март

4

Засадување на зачини

Да ја сочуваме нашата зелена планета

-Социоемоционален развој

-Јазик , комуникација и описменување

- Физичко здравје и моторен развој

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Март

Април

Мај

5

Посета на Жито центар- Тонус леб

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истажуваме

-Когнитиен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здраје и моторен развој

-Социоемоционален развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Мај

Јуни

Здравје – Еко стандард

ХИГИЕНСКИ НАВИКИ, ЗДРАВИ НАВИКИ“

Ред. бр.

Точка на акција

Тема

Домен на развој

Возрасна група

Време на реализација

1

Мојата лична хигиена

Градинка дечиња мои пријателчиња

-Когнитиен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здраје и моторен развој

-Социоемоционален развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Септември

Октомври

2

И на храната и треба хигиена-

Есенска кралица , дарежлива убавица

-Социоемоционален развој

*креативна работилница со родители и деца

-Физичко здравје и моторен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

* Разгледувањена еко -  детска литература

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Ноември

Декември

3

Хигиена на забите

И студената зима убавини има

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

* креативна работилница за изработка на Еко – украси

-Когнитивен развој и истакнување на општите знаења

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Декември

Јануари

Февруари

4

Еко дете чиста околина плете

- Хигиена во околината

Да ја сочуваме нашата зелена планета

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

*рециклирање на хартија и пластика во соработка со Пако Мак и Комуна

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

*подарок за мама

-Физичко здравје и моторен развој

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст.

Февруари

Март

5

Работна акција (вклучен е целиот колектив)

- Модна ревија од рециклирачки материјал

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Април

Мај

Јуни

Здравје – Еко стандард

СПОРТУВАЈ, РЕКРЕИРАЈ И ЖИВЕЈ ЗДРАВО“

Ред. бр.

Точка на акција

Тема

Домен на развој

Возрасна група

Време на реализација

1

Moите омилени игри

Градинка дечиња мои пријателчиња

Физичко здравје и моторен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Септември

Октомври

Ноември

2

Повеќе спорт за нас, а телефони за вас

Есенска кралица , дарежлива убавица

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

-Физичко здравје и моторен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст.

Ноември

Декември

3

И јогата е спорт- игри за вдишување

Да ја сочуваме нашата зелена планета

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален

развој

Развој на јазикот, описменување и комуникација

Групи со дца над 5 до 6 год. Возраст

Февруари

Март

Април

4

Велосипедска трка- Вози велосипед за 5

- засади дрво за воздух чист и зелен лист

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

Групи со деца над 4 до 6 год. Возраст

Мај

5

Прв до врв- мали планинари

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

Возраст

Мај

Јуни

Здравје – Еко стандард

БЕЗБЕДНО ОДНЕСУВАЊЕ“

Ред. бр.

Точка на акција

Тема

Домен на развој

Возрасна група

Време на реализација

1

Безбедно однесување во домот

Есенска кралица , дарежлива убавица

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст

Октомври

Ноември

2

Правилно и безбедно однесување на излет, прошетки...

И студената зима убавини има

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

-Физичко здравје и моторен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст

Ноември

Декември

3

Правилно и безбедно однесување на скијање- летување

Да ја сочуваме нашата зелена планета

Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Пристап кон учење

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Физичко здравје и моторен развој

-Социоемоционален развој

Постара предуч.

возраст- сите групи над 3 год.

возраст

Февруари

Март

Април

4

Правилно и безбедно однесување во ЗОО

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

-Физичко здравје и моторен развој

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст.

Мај

5

И јас сум учесник во сообраќајот

- Изработка на големи сообраќајни знаци

Патуваме, патуваме, сообраќајот го истражуваме

-Развој на јазикот, описменување и комуникација

*Театарска претстава

*Соработка со О.У. „Крсте Мисирков“

-Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

-Пристап кон учење

-Социоемоционален развој

Групи со деца над 4 до 6 год. возраст.

Мај

Јуни

Еко одборот има задача  преку активности кои ќе се реализираат во детската градинка да придонесе за развивање на свеста за постоење на програмата за еко-градинка, јаанализира состојбата со животната средина, ги планира активностите и ги следи и евалуира достигнувањата, ги поврзува планирањата со воспитно-образовната дејност , ја  информира и вклучи пошироката заедница  со активностите и   др.

4.ФАКУЛТАТИВНИ- ИЗБОРНИ ПРОГРАМИ

По покажан интерес од страна на родителите како и до сега и оваа година ќе бидат организирани факултативни активности за  :

$1 англиски јазик

$1спорт и спортиски активности и ритмички вежби.

Активностите ќе се организираат  во возрасните групи со деца од над три дошест годишна возраст и истите ќе ги изведуваат стручни лица.

Изборот на факултативните – изборни програми го врши Советот на родители по претходно објавен оглас.

Забелешка: Факултативните активности ќе продолжат да се реализираат во согласност со пропишаните протоколи од надлежните институции.

 

IV. РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПО ГРУПИ

 

Капацитетот на ниво на Детска градинка за сите  објекти изнесува 1166деца..Во почетокот на оваа учебна година опфатени се вкупно 870 деца.

Според возраста а во согласност со чл.64 од Законот  за заштита на децата, и согласно со условите за работа , расположив кадар за работа во воспитните групи, децата  во објектите на детската градинка се распоредени во следните возрасни групи: 

Објект

Најрана предучил/возраст.

Деца до 2 год.возраст

Групи-деца

Постара предуч.возраст

Деца над 2 до 6 год.возраст

Групи - деца

Проекти

Групи-деца

Вкупно

Групи- деца

Сонце

1*      -   15

  1. 9   - 184
 
  1. 10     - 199

Синоличка

1*       -    13

  1. 4      - 100

***

  1. 25
  1.  138

Искра

1*      -     13

  1. 73
 
  1. 86

Детелинка

1*       -   14

  1. 8      -  154
 
  1. 9     -     168

Пони

1*       -    15

  1. 8      - 183
 
  1. 9     -  198   

Морковче

1*      -    15

  1. 2  -    66
 
  1. 81

Вкупно:

  1. 6   - 85
  1. 35   -  760
  1. -25

42-      870

Во текот на месец Септември во објектот Искра има обезбедено место за уште 15 деца од проектот ,, Инклузија на децата од ромската популација во редовните групи во детските градинки" во која веке престојуваат 15 деца.

Легенда:

*- хетерогена група (деца од 0 до 2 год. возраст)

**-хетерогена група  (деца над 2 до 6 год.)

***- Проект Мозаик- билингвална :македонско-албанска група.

Поради  голем интерес за запишување на деца во сите објекти  и возрасни групи, Детската градинка  има оформено Апликативнa листа на чекање за прием на  нови деца. Со почетокот на месец Септември-2021 год. останаа непримени307 барања-апликации од родители која бројка и не е конечна со оглед на тоа дека секојдневно пристигнуваат барања од заинтересирани родители за престој на нивните деца во некој од нашите  објекти.

Комисијата за прием на деца во текот на годината , секоја последна недела во месецот врши прием на деца до колку има отпишување на деца  во некој објект  одн. се создадени услови за прием на деца .

Состојбата по објектите е следна:

Р.б.

Објект

Капацитет

Вкупно запишани деца

Не решени барања

1

СОНЦЕ

280

199

92

2

СИНОЛИЧКА

140

138

37

3

ИСКРА

150

86

28

4

ДЕТЕЛИНКА

180

168

53

5

ПОНИ

180

198

65

6

МОРКОВЧЕ

100

81

17

 

ВКУПНО

1030

870

292

 

V. ПЛАН ЗА РАБОТА НА ДИРЕКТОРОТ , СТРУЧНИТЕ И  ДРУГИ РАБОТНИЦИ

1.ПЛАН И  ПРОГРАМА ЗА РАБОТА  НА ДИРЕКТОРОТ

 

Содржина на работата

Ориентац.време за реализ

Соработник

Технички подготовки за отпочнување на новата учебна година

Август

Одговорни воспитувачи,

Воспитувачи

Формирање воспитни групи, напатствија за прием на нови деца

Август/Септември

Одговорни воспитувачи

Распоредување на воспитно-згрижувачкиот  кадар по  објекти и  восп.групи

Август/Септември

Одговорни воспитувачи

Упатство за подготовки загодишниот,месечниот и дневниот план за работа на воспитувачите

Септември

Актив на воспитувачи

Изготвување Годишна програма за работа  за учебната 2021/2022 г.

Септември

Воспитувачи

Соработка со родители преку учество во планирањето на соработката и вклучување на родителите во органот на управување

Континуирано

 

Подготовки и учество на седница на Советот на воспитувачи и негователки

Септември

 

Вкучување во реализација на проектите кои ќе се реализираат во учебна 2021/2022г

Континуирано

Воспитувачи

Учество во изготвување Листа за јадење за децата во градинката

Септември, континуирано

Комисија за исхрана

Консултации и насоки за групни родителски состаноци

Септември

Одговорни воспитувачи

Учество на седници на  комисии и Советот на Општината

Перманентно

 

Подготовка и учество на седница на Управен одбор  во градинката

Септември

Советник-секретар

Учество во реализацијата на предвидените проекти што ќе се реализираат во текот на целата година

Континуирано

Воспитувачи

Насоки и следење на здравствената работа со децата

Перманентно

 

Практично согледување на резултатите од реализираните активности со децата од сите области

Континуирано

 

Стручно педагошко- психолошко усовршување на кадарот преку учество на стручни средби, советувања и семинари и обезбедување стручна литератира

Континуирано

Надворешни стручни соработници, професори од одделни факултети и сл.

Континуитет во активностите за санација на одделни делови на објектите во насока на нивно  што подобро одржување и оспособување за добра и квалитетна работа

Континуирано

Советник секретар

Виш соработник сметководител

Реализација на планирани активности од Еко-програмата

континуирано

еко-одборот

Насоки за одбележување на Детската недела

Септември/ Октомври

Одговорни воспитувачи, воспитувачи

Учество во подготовки и реализација на планирани  активности кои ќе се реализираат во сите објекти

Континуирано

Воспитувачи

Прегледување на педагошката и здравствената администрација

Октомври

 

Посета на групите и консултативни состаноци

Октомври

Одговорни воспитувачи

Учество во подготовки за одбележување  на прослави и празници

Октомври

Одговорни воспитувачи

Анализи за набавка на опрема за занимални

Октомври

Стр.совет, сметководител

Подготовка на материјали и учество на седница на Управен одбор

Ноември

Советник-секретар

Прегледување на педаг.администр.и евиденција

Декември

 

Учество во подготовките за одбележување на Нова Година

Декември

Одговорни воспитувачи

Анализа на воспитно-образовна  работа во првото полугодие

Јануари

Одговорни воспитувачи

Анализа на згрижувачко-здравствената работа со децата во прво полугодие

Јануари

 

Изработка на план за јавни набавки за 2022 година

Јануари

Стр.совет, советник-секретар

Подготовка и учество во работа на Управен одбор

Февруари

Советник-секретар

Прегледување на педагошка и здравствена администрација

Март

 

Посета на групите и консултативни состаноци

Март

Воспитувачи

Учество во подготовките за одбележување на празникот на градинката ,,22 ри Април- Ден на планетата Земја,,

Март/

Април

Воспитувачи

Подготовка на материјали и учество во работата на стручните активи

Април

 

Постојана и континуирана взаемна соработка на установата со општина Гази Баба, МТСП, Биро за развој на образованието и други  институции

Перманентно

 

Организирање соработка со други предучилишни установи

Перманентно

 

Подготовки за учество на манифестации на ниво на Град

Април/Мај

Воспитувачи

Прегледување на педагошката и здравствената администација и евиденција

Мај

 

Изготвување на План за користење годишни одмори  на работниците

Мај

Одговорни воспитувачи

Советник -секретар

Посета на групите и насоки за работа

Мај

Одговорни воспитувачи

Состанок со стручните совети со заклучоци за  остварениот Годишен план

Мај

Активи,

членови

Подготовка и учество на седница на Управен одбор во градинката

Јуни

Советник-секретар

Перманентна едукација на директорот  заради комплексноста на работата и работните ангажмани

перманентно

 

Насоки за работа во летниот период

Јуни

Одговорни воспитувачи

Изготвување Годишен извештај за работа во учебната 2021/202

Август/Септември

воспитувачи

 

 

2.ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПЕДАГОГОТ

ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА НЕ Е ВРАБОТЕНО НИТУ АНГАЖИРАНО ЛИЦЕ  НА РАБ.МЕСТО ПЕДАГОГ

3.ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДЕФЕКТОЛОГ

Содржина   на   работата

Ориент.

Време

Соработник

Изработка на сопствен оперативен план за работа. Дефектологот работи со децата кај кои постојат пречки во развојот или пак утврдена дијагноза (наод и мислење). Тоа ги вклучува децата со оштетен вид, оштетен слух, интелектуалнапопреченост, моторни нарушувања, аутизам.

Август

 

Учество во формирањето на воспитни групи (поради спроведувањето на процесот на инклузија на децата со пречки во развојот)

Август

директор,

воспитувачи

Учествува во работата на Комисијата за прием на деца со посебни потреби;

Континуирано

Комисија за прием  на  деца

Изготвување на месечни планови за планираните активности за работа со деца со посебни потреби во градинката

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Изготвување и имплементација на Годишната програма за работа со деца со посебни потреби од предучилишна возраст за учебната 2019/2020 год. и следење на ефектите

Континуирано

директор, воспитувачи

Учество во работата на стручните Совети

Континуирано

директор,

воспитувачи

Учествува и врши проценување на детето, во поглед на неговиот моторен икогнитивен развој, врши опсервација

Континуирано

воспитувачи, стручни работници/ соработници

Изготвување на индивидуален план за работа со секое дете кое има потреба од работа со дефектолог. Во него треба да се содржани сите податоци за детето, неговата состојба, позитивните и негативните карактеристики, способностите кои ги поседува, како и цели кои треба да се исполнат.

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Дефектологот работи со детето во посебна просторија опремена со материјали кои го поттикнуваат развојот. Вежбите и активностите се преточени во игра, која за децата во овој период е најлесниот и најдобриот начин на комуникација. Дефектологот применува вежби за психомоторен развој, сензомоторна интеграција, изведување на секојдневните активности, како и на она најважното – социјализација со врсниците. Секојдневно или по потреба, работи со детето, во рамките на самата градинка, во периодот додека детето престојува во неа

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Посета на воспитните групи во текот на реализација на воспитно-образовната работа со деца со посебни потреби и консултативни состаноци На тој начин може одблиску да го набљудува неговото функционирање во група и да даде насоки на воспитувачите во понатамошната работа со детето.

Континуирано

Воспитувачи

Соработка со стручни и научни организации и институции, планирање и реализација на соработка со истите преку предавања, едукации, семинари и други форми

Континуирано

Директор, Стручен совет

Едукативна и консултативна работа со родителите на децата со посебни потреби за прашања и проблеми за развојот и воспитувањето на децата

Континуирано

Воспитувачи , стручни работници/соработници

Укажување на несоодветните облици на однесување, посебно на агресивноста на децата и кон децата

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Вкучување во акциони истражувања со кои се внесуваат иновации во условите, содржините и начините на остварување на програмските задачи и активности

Континуирано

Директор

Дава подршка и насоки на воспитувачите и негователите кои во групите имаат деца со посебни потреби

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Учество во стручни средби, семинари, размена на искуства во установата и пошироко

Континуирано

директор, воспитувачи , стручни работници/

соработници

Учество во реализирање на групни родителски состаноци

Континуи.

Воспитувачи

Следење на адаптацијата и социјализацијата на децата со посебни потреби во објектите

Континуирано

воспитувачи , стручни работници/ соработници

Завршни состаноци со Советите

Јуни

директор,

Учество во изготвувањето на Годишниот извештај за работа за 2019/2020и Годишниот извештај за работа со децата со посебни потреби за 2019/2020.

Август

директор, воспитувачи , стручни работници/ соработници

4.ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТАНА МУЗИЧКИОТ  СОРАБОТНИК

Музичкото воспитание има големо влијание врз развитокот на детската личност, како што се развитокот на музичките способности, естетските чувства, способности за развивање и доживување на музиката, поттикнување на позитивните емоции, креативноста, самостојноста, музичкото изразување, стекнување култура на однесување, подготвување за активно вклучување во музичкиот живот во општествената средина.          Главните цели на музичкото образование во воспитно- образовната работа со децата од предучилишна возраст се :

$1Со применување на различни содржини и форми за работа, системско развивање на музичките способности, естетски однос кон музиката,

$1Преку музиката внесување на ведра атмосфера, радост, и расположение кај децата

Задачи на музичкото воспитание:

$1Ø Да се побуди интересот кај децата за музиката

$1Ø Да се развива желба за слушање музика, пеење песни, пеење и движење, свирење на детски музички инструменти

$1Ø Да се оспособат децата за групно и индивидуално пеење

$1Ø Да се развива спососбност за мелодија, чувство за ритaм и динамика

$1Ø Да се поттикнат децата за слободни креирања и движења во зависност од текстот и музиката

$1Ø Да се развива музички слух и помнење

$1Ø Да се развива љубов и умеење за свирење на детски музички инструменти.

Во текот на годината стручниот соработник по музичко воспитание ќе учествува во работни групи, планирање и програмирање на годишните теми. Воедно ќе остварува индивидуална работа со згрижувачкиот и воспитниот кадар и децата во воспитната група, а посебно со талентирани деца. Своето стручно усовршување ќе го реализира во установата и надвор од неа на семинари, предавања и друго.

 

Месец

Активности

Соработка

Септември

- Добренидојдовте другарчиња- создавање на атмосфера за новодојдените другарчиња

- слушање на химната на РС Македонија- децата го доживуваат свечениот карактер на песната

- Проект по музичко воспитување ,,Песнарка"- музичко подвижни игри

- Утврдување на нова песна

Стручни работници

Воспитувачи

негуватели

Октомври

- Повторување на детски песни за хигиена

- работа со деца од постара предучилишна возраст

- Детска недела

- Проект по музичко воспитание на тема ,,Четири годишни времиња" Антонио Вивалди - есен

- Обработка на песна за Есен

 

Ноември

- Утврдување на песни за Есен

- Слушање на песни за мојот град

- Подготовка за есенска прослава и испраќање на есента

- Музичко подвижни игри

 

Декември

- Проект по музичко воспитание ,,Во музичките длабочини"

- Слушање на музика ,,Четири годишни времиња" Антонио Вивалди - Зима

- Обработка на новогодишни песни

- Дедо Мраз во нашата градинка

 

Јануари

- Зимски радости - песни за Зима

- Музичко подвижни игри ,,Снегулки,,

- Фолклорни игри и песни поврзани со нашата традиција и празници

- Повторување на песните за Зима

 

Февруари

- Слушање музика

- обработка на песни

- музичко подвижни игри

- Повторување на изучени песни

 

 

Март

- Обработка на песни за мајката

- слушање на песни за Пролет

- Проект по музичко воспитание на тема: ,,Четири годишни времиња,, - Антонио Вивалди - Пролет

- Обработка на песни за Пролетта

 

Април

- Априлијада

-Свирење на ударни инструменти

- утврдување на песни за Пролетта

- Музичко подвижни игри

 

Мај

- Слушање на песни за Сообраќај

- Обработка на песни

- Утврдување на песни за Сообраќај

- Завршни приредби

 

Јуни

- Проект по музичко воспитание на тема: ,,Четири годишни времиња,, Антонио Вивалди - Лето

- ,,Збогум градинке ,, - завршна приредба на децата од големата група

- Концепт за песни во летниот период

- Музика и движење

 

 

Јули

- Слободни активности - слушање на музика, пеење на песни, музика и движење

 

 

Август

- Слободни активности - слушање на музика, пеење на песни, музика и движење

 

 

 

 

 

 

 

5.ПЛАН ЗА РАБОТА НА ЛОГОПЕДОТ

ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА НЕ Е ВРАБОТЕНО НИТУ АНГАЖИРАНО ЛИЦЕ  НА РАБ.МЕСТО ЛОГОПЕД

 

6.ПЛАН ЗА РАБОТА НА МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ

ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА НЕ Е ВРАБОТЕНО НИТУ АНГАЖИРАНО ЛИЦЕ НА РАБ. МЕСТО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

7.ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ПРОФЕСОРОТ ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ

 

Активностите по физичко воспитание имаат за цел усовршување на природните облици на движење кои се неопходни за психофизичкиот развој на децата, а ке бидат насочени кон зголемување на сензомоторните способности и зајакнување на детското здравје. Од особена важност е децата да ја задоволуваат потребата за движење, активно да учествуваат во играта која треба да соодвествува со возраста и можностите на децата.

Во остварувањето на задачите посебно внимание се посветува на усовршување на координацијата на движење и способноста за одржување на рамнотежа и ориентација во просторот. Задачите на физичкото воспитание се реализираат преку подвижни игри за развивање и усовршување на движечките способности - одење, трчање, скокање, качување, фрлање..., со и без правила на отворен и затворен простор со и без реквизити.

Во развојот на децата особено големо значење имаат вежбите за рекреативна и корективна гимнастика и посебни вежби за спречување и корегирање мна појавените деформации на стапалата и другите делови на телото. Значајно кај децата е да се поттикне желба и навика за секојдневно вежбање како и формирање на елементарни знаења и потреба од здрав начин на живот.

 

Месец

Активности

Соработка

Септември

- Моторичко подвижна игра - видови на одење, корективна гимнастика- развој на основните движења

-Сензомоторна подвижна игра за ориентација во просторот - развој на целата мускулатура

-вежби за развивање на сводот на стапалата- игри со одење и трчање на прсти по рамна и нерамна површина

- локомоторна игра видови на скокање- пренесување на предмети до одредена цел

 

 

Октомври

- Есенски крос

- Подвижна игра- пренесување на предметисо скокање до одредена цел, развој на долните екстремитети

- корективна гимнастика - провлекување, ползење и качување

- игри и вежби на отворен простор - подвижни игри, игри во двор

 

 

Ноември

- Видови на шутирање во кош - кошарка

- локомоторна подвижна игра  со провлекување

- моторичко подвижна игра - фрлање на топка на одредена цел

- сензомоторно подвижни игри за развивање на ориентација во просторот

 

 

Декември

- вежби за подобрување на координацијата на движењата

- моторичко подвижна ира ,,Часовник,,-за развивање на ориентацијата во простор и време

- моторичко подвижна игра - влечење на санки, пренесување на предмети

- елементарни штафетни игри - Новогодишни радости, дружење, забава и игри

 

 

Јануари

- традиционални игри за нашите празници

- зимски радости

- сензомоторна подвижна игра на снег

- мини фудбал

 

 

Февруари

- сензомоторна подвижна игра - пренесување со обрачи, влечење

- тркалање на мали топчиња до определена цел

- сензомоторна подвижна игра за натпревар

- сензомоторна подвижна игра - емитирање на животни

 

 

Март

- корективна гимнастика, провлекување, качување, прескокнување

- моторичко подвижна игра за ориентација в просторот

- подвижни игри во дворот- моторичко подвижи игри за промена на брзината во трчање

- сензомоторна подвижна игра - Мала куглана

 

Април

- спортска гимнастика

- спортски игри - мини кошарка

- вежби и игри со јаже

- вежби и игри со ластик

 

 

Мај

- развој на сетилата за вид, слух и допир, ориентација во простор

- игри со обрачи

- игри - весели вртелешки

- игри со правила – полигон

 

Јуни

- корективна гимнастика- одење на прсти и пета по рамни и нерамни површини

- елементарно штафетни игри со хулахоп

- вежби и игри - тунел

- слободни игри во двор

 

Јули

- летни спортски игри

 

Август

- летни спортски игри

 

 

VI.СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

Соработката на Детската градинка со  родителите и квалитетната комуникација на релација дете-воспитувач-родител е еден од основните фактори насочени кон обезбедување на правилен и оптимален развој и учење на детето.Оваа релација за да се активира и реализира потребно е следното:

$1Поттикнување на родителите за нивно активно вклучување во подготовката и реализацијата на воспитно-образовниот процес;

$1Советот на родители кој во соработка со градинката ќе овозможи донесување на важни одлуки и решенија за успешно обавување на воспитно-образовната работа;

$1Присуство на родителите во процесот на адаптација на детето и организирање на работилници за разни поводи;

$1Организирање на родителски средби, поединечни разговори со родителите и сл.

$1Информирање на родителите (усно, писмено, огласна табла, информативни материјали, електронско информирање);

$1Консултативни разговори со цел навремено реагирање и конструктивно

$1решавање на проблемите поврзани со развојот на детето;

-    учество на родителите во приредби, прослави, декорирање на просторот во градинката и сл.

-Вклучување на родителите во работилници за опремување на просторот за одгледување на градинарски култури за потребите за здрава и правилна исхрана исхрана на нивните деца.

- Вклучување на родителите во реализација на Еко-програмата .

 

Сите овие клучни сегменти преку нивната реализација ќе допринесат  за решавање на многу прашања поврзани со детето  а со тоа и можност родителот директно да влијае врз воспитанието на неговото дете, неговиот развој и исполнувањето на неговите желби, интереси и потреби.

Отвореноста на детската градинка кон семејството е важна компонента во успешно реализирање на воспитно-образовната програма и самото функционирање на градинката.  При планирањето и реализирањето на оваа соработка ќе бидат почитувани следните принципи:

$1почитување на семејството како примарен и основен фактор во развојот на децата;

$1почитување на психолошко-педагошките апсекти на одвојување на детето од семејството;

$1почитување на потребата од усогласување на постапките кај сите воспитно-образовни фактори;

$1почитување на современите воспитно-образовни тенденции во градинката;

$1почитување на индивидуалноста на секое дете , како и

За изворно  информирање на родителите секоја прва среда во месецот е

 отворен ден за родителите.

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во соработка со родителите, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

 

 

 

VII. СОРАБОТКА  СО ДРУГИ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ, СПОРТСКИ, ЗДРАВСТВЕНИ, КУЛТУРНИ, НАУЧНИ И ДРУГИ УСТАНОВИ, ФОНДАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

 

За успешно реализирање на поголемиот број предвидени воспитно-образовни задачи неопходно е Детската градинка да соработува со други воспитно-образовни, спортски, здравствени,културни, научни и други установи. Сето ова има голема улога во подобрување на резултатите и постигнувањата на децата во целокупниот нивен развој.

Основна соработка Детската градинка остварува со:

 * Општина Гази Баба – на сите нивоа

* Министерство за труд и социјална политика – Сектор за детска заштита.

1.Соработка со други воспитно-  образовни установи

И оваа учебна година  продолжува соработката со:

- Бирото за развој на образованието;

- Детските градинки во Градот и Републиката;

- Основните училишта на територијата на Општината;

- Филозофскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методи- Скопје;

- Педагошкиот факултет во Скопје и Штип;

- Министерство за образование на РМ;

 

2.Педагошко-методска пракса на студенти

И оваа година детската градинка ќе им овозможи реализирање на педагошко-методска практика на студенти  од соодветните студии на Педагошкиот факултет и Филозофскиот факултет. Околу дваесетина студенти ќе имаат можност да ја реализираат својата пракса во Детската градинка и со помош на воспитувач-ментор да ја реализираат наставната програма.

3.Соработка со спортски, здравствени и културни установи и здруженија

Ќе се реализираат активности  и тоа:

- Соработка со Поликлиника „Ченто“ во делот на едукација на децата за орално здравје.

- Соработка со Советодавен центар на Општина Гази Баба и СОС Детско село, за зајакнење на   семејството одн. превенција од напуштање на децата од биолошките семејства.

- Соработка со Детскиот културен центар „Карпош“

- Соработка со Сојузот за грижи и воспитание на децата на град Скопје;

- Соработка со Црвениот крст на град Скопје и Општина Гази Баба.

- Соработка со МТСП и РСБС  со реализација на проекти поврзани со безбедноста на децата во сообраќајот и сообраќајна култура.

- Соработка со Музеи во Скопје: Музеј на современа уметност, Музеј на Град Скопје, Археолошки локалитет и Музеј на отворено „Тумба Маџари“

- Соработка со јавните медиуми.

- Педагошкиот факултет Св.„Климент Охридски“

- Театар за Деца и Младинци

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во соработка со пошироката општествена средина, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

 

VIII. АКТИВНОСТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА

Малите деца во првите години од животот имаат потреба од близок контакт со возрасна личност, квалитетна интеракција, соодветна јазична стимулација, потреба да истражуваат во безбедна околина. Исто така нив им се потребни, стабилни и лесно предвидливи постапки на возрасните,  конзистентност во однесувањето на возрасните, личност во која имаат доверба, постојано поттикнување и подршка. Сето ова се остварува во рамките на предучилишниот престој  на децата одн. го овозможува детската градинка. Во перидотот на адаптација на децата во новата средина се посветува големо внимание. Клучна е соработката меѓу воспитувачот одн. негователот и родителите на децата, меѓусебната комуникација при што се посветува внимание на пристапот кон детето, неговото вклучување во новата средина со цел во натамошниот престој детето да се чувствува како во домашна средина.

$11. ЈАВНА И КУЛТУРНА ДЕЈНОСТ    

Детската градинка преку јавната и културна дејност која ја остварува има за цел да придонесе за што поцелосно остварување на севкупните задачи на предучилишното воспитание и образование а особено за подобрување на воспитно-образовните резултати и   збогатување на културниот живот  на децата во градинката.

Оваа година културно-информативните активности ќе бидат  насочени кон реализирање на повеќе манифестации кои се организираат.

Освен тоа во рамките на Детската градинка во текот на престојната година ќе се реализираат повеќе културно-забавни манифестации во кои главни актери ќе бидат децата и тоа:

$11. Одбележување на Први септември - почеток на учебната година со дружење и приредби во сите објекти.

$12. Одбележување на 8-Ми Септември - денот на независноста на Р.Македонија.

$13. Забавно-рекреативни игри под мотото „Движи се за здравје“- одбележување на Европската недела на движењето - во организација на ДКЦ.

$14. Одбележување на Недела на детето

$15. Ден на учителот – 5ти Октомври

$16. Одбележување на  „11-ти Октовмри“, „23-ти Октомври“.

$17. Одбележување на Денот на Општина Гази Баба

$18. Светскиот ден на детето – 20ти Ноември

$19. Учество во манифестацијата „Го градиме нашиот град“ во Организација на  ДКЦ Карпош.

$110. „Испраќање на Есентта“-

$111.  Дочек на Нова Година и Дедо Мраз.

$112. „Дојде Баба Марта“- правиме мартинки за среќа и ги подаруваме на блиските.

$113.  Одбележување на 8-ми Март

$114. Денот на екологијата – 21ви Март- градење на свест за поздрав и подобар свет;

$115. Светски ден на водата – 22ри Март

$116. Априлијада

$117. Светски ден на литературата за деца – 2ри Април

$118.  Светски ден на здравјето - 7ми Април

$119.  Ден на планетата Земја - 23ти Април

$120.  Одбележување на Велигденските празници

$121.  Одбележување на Денот на Планетата Земја;

$122. Завршните приредби  ;

$123. Посета на најблиското училиште;

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат , ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

Во рамките на Манифестациите посветени на децата кои се одржуваат секоја прва недела во месец Октомври и ќе   трае од 04.10. до 08.10.2021 год. се одржуваат манифестации посветени на :

$1светски ден на детето,

$1детската недела, и

$1ден на детето

Изготвен е План- календар за  активностите во нашите објекти  и тоа:

ден во неделата

планирана активност

Понеделник

Правата на детето презентирани преку игра

Вторник

Изработка на групен или индивидуален цртеж на тема „Правата на детето“

Среда

Дружење со актерите од театарот за деца и младинци

Четврток

Донирај за своето другарче- хуманитарна акција

Петок

Куклена претстава – Другарство

Оваа година културно-информативните активности ќе бидат  насочени кон реализирање на повеќе манифестации кои се организираат на   ниво на Град.

Освен тоа во рамките на Детската градинка во текот на престојната година ќе се реализираат повеќе културно-забавни манифестации во кои главни актери ќе бидат децата и тоа:

И оваа година  планираме да реализираме неколку часовна екскурзија  до Забавниот парк,Зоолошката градина и Дино паркот, парк шумата Гази Баба  и други културно-забавни места   каде децата ќе имаат можност да се рекреираат и забавуваат .

Ќе продолжиме да работиме на зголемување на соработката со стручни соработници кои преку своите стручни предавање ќе придонесат за едукација како на вработените така и на родителите.

И оваа година под покровителство на Министерството за труд и социјална политика а во реализација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе продолжи  сообраќајно-воспитната  кампања на тема Да ги заштитиме децата во сообраќајот,  и  ќе бидат вклучени и  децата од големите групи во нашата установа.  

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во склоп на проектите, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

2.ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Покрај воспитно-образовната работа,  основна задача на Детската градинка претставува систематската  и сестрана грижа за здравјето и правилниот психофизички развој на децата.

За обезбедување елементарна здравствена заштита на децата ќе се спроведуваат секојдневни мерки:

$1контрола на спроведувањето имунизација на децата;

$1спроведување превентивни мерки во време на заразни болести;

$1систематски прегледи на вработените( предавања, флаери, известувања, дезинфекција, одржување на хигиена);

$1евиденција на заразните заболувања и обезбедување на епидемиолошки мерки;

$1редовно мерење на  децата;

$1почитување на законските обврски за  шестомесечно спроведување на  дезинфекција, дезинсекција и дератизација  во објектите;

$1систематски и санитарни прегледи на вработените согласно  законските прописи

$1здравствено просветување на родителите и персоналот прекупредавања, советувања и популарна здравствена литература.

$1грижа за правилна и квалитетна исхрана на децата.

$1со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Covid-19, во престојниот период ќе има засилена контрола и почитување наактуелните наведени протоколи изготвени од страна на надлежните институции.

Основна грижа на  вработените ќе  биде одржување на беспрекорна хигиена на просториите во кои престојуваат децата, предметите  и играчките со кои доаѓаат децата во допир, водејќи при тоа сметка за редовна употреба на средствата за дезинфекција што секако обезбедува современа  превентива.

Особено внимание се посветува на ново примените деца за кои родителите со лекарска белешка треба да ја потврдат добрата здравствена состојба  за прием  на деца во градинка.

Стоматолошки зравствени прегледи на децата над четири годишна возраст  во сите објекти ќе се извршат со почетокот на учебната година. Овие прегледи ќе ги спроведе Здравствениот дом- Скопје, Поликлиника Ченто.

Ќе продолжи и понатака досегашната успешна соработка со Заводот за ментално здравје на град Скопје.

Друг момент околу здравствената заштита претставува правилната исхрана на децата за што се води посебна грижа. Се води грижа за правилна и квалитетна исхрана на децата и застапеност на сезонските свежи производи . Разновидноста на подготвените оброци ,оптимална исхрана на децата со примена на биолошки вредни прехрамбени производи која исхрана  ќе ги задоволи квантитативните и квалитативните потреби со цел  хармоничен раст и развој на децата , претставуваат основна заложба на детската градинка. Листите за јадење за деца во градинката се менуваат и дополнуваат сезонски одн. за секоја годишна сезона се прави нова листа на јадења .За таа цел постои  Комисија  која работи на изготвување на листи за јадење.

Контрола во исхраната на децата во детската градинка врши Агенцијата за храна и ветеринарство преку надлежниот инспекторат.

Консултации и насоки спроведува  Министерството за труд и социјална политика преку сектор задолжен за исхрана на децата во јавните детски установи со цел правилна примена на нормативите за исхрана и стандарди за исхрана и оброци на децата во детските градинки, како составен дел на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца.

3. СОЦИЈАЛНА ДЕЈНОСТ

Тргнувајќи од законските прописи кои ги регулираат посебните права на граѓаните, Детската градинка води политика на соодветен начин да им помогне на родителите  на кои им е неопходна соодветна помош. Со ослободување од плаќање надоместок за престој  во оваа година се опфатени двајца  родители  на  деца од кои:

-еден  родител е ослободен од плаќање за едно дете, во согласност со  Законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства.

-еден родител  за престој на едно  дете (самохран родител).                                       

Исто така детската градинка за овие деца како и за мал дел на деца за кои постои сознание дека родителите се во тешка финансиска состојба  води политика за ослободување од  набавка на прирачници, бесплатна посета на: факултативни програми, театарски претстави  и други културни манифестации.

Во рамките на потпишаниот Меморандум  за соработка со СОС-Детско село -Македонија продолжува реализацијата на Програмата за зајакнување на семејството одн.превенција од напуштање на децата и младиниците од биолошките семејства. Ќе продолжи и понатаму рализацијата на работилниците со родители од таквите семејства со цел поблиско запознавање со Проектот ,,Јакнење на семејството,, и  негово што поуспешно реализирање. Се разбира ,за негово успешно реализирање ќе продолжи и нашето залагање како установа со што ќе го дадеме нашиот придонес во целосното негово реализирање како во користење на дел од просторот во објектот  Искра  каде е сместено  советувалиште, така и со наши конкретни заложби како детска установа со детектирање на семејства на кои им е потребна таква помош.

Во контекст на горе кажаното во рамките на  Детската градинка  и оваа учебна година сакаме да продолжи со работа Советувалиштето за родители и деца , но поради немање на стручен кадар не сме во можност да го реализираме.

 

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во склоп на проектите, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

 

IX. ПЕРМАНЕНТНО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

 

За правилно и успешно реализирање на воспитно-образовните цели, потребно е воспитно-згрижувачкиот кадар одговорно и професионално да се грижи за детето и неговиот развој.

Развојот претставува процес на промена кој настанува како резултат на почитување на индивидуалните карактеристики на детето, следење на неговите внатрешни сили и природен развој па затоа градинката превзема активности за унапредување на процесот на стручно усовршување на кадарот преку посета на семнинари, советувања, посета и соработка со други детски установи а при тоа размена на идеи и размена на искуства.

Реализирањето на секојдневните активности надгледувани се од директорот на детската градинка  со цел давање на упатства и насоки за подобрување на воспитно-педагошката дејност.

На планот на стручното усовршување на вработените предвидени се стручни теоретски предавања од областа на педагогијата, психологијата, здравството и др.

Планирана е обука  на тема: Улогата на установата за деца во развојот на децата и вклучување на родителите  во тој процес. Обуката ќе ја изведат стручни лица.

Со  користење на активни форми и методи, преку работилници, практични примери и споделување на искуство од пракса.  На обуката ќе бидат вклучени воспитувачи и негователи во установата како и стручни работници.

Како и минатите години и  оваа година ќе продолжи да се следи ново излезената стручно-педагошка и здравствена литература како и детски списанија а со тоа ќе се збогати и бибилиотеката со цел полесно и поуспешно реализирање на планираните активности.

Административно-финансискиот кадар  преку редовно учество на стручни семирани и обуки ќе придонесе за запазување на законитоста, следење и благовремена примена на  измени и дополнувања на  законските прописи и се што е поврзано со  остварување на правната и финансиската работата на Детската градинка. Особено ангажирањата ќе бидат насочени кон електронските евиденции и записи.

Вработените во кујните  во Детската градинка ќе бидат упатени на семинар  за примена на нови методи и производи во исхраната на децата. Вработените во кујна водат  чек листи и записи за работа.

Работниците задолжени за одржување на хигиената во  објектите ќе бидат упатени на обука за хигиена во Заводот за здравствена заштита со цел   правилна примена на хигиенските средства. За својата секојдневна работа и водат записи-чек листи по простории со запишување на извршената работа.

 

X. РАБОТА НА СТРУЧНИТЕ ОРГАНИ

1. ПЛАН  ЗАРАБОТА НА СТРУЧНИОТ  СОВЕТ

Содржина на работата

Ориентационо  време

Седница на Советот за формирање на воспитни групи, и распоредување на работници по објекти и групи

Август/септември

Седници за  реализација на планираните задачи од Годишната програма за работа за 2021/2022

Континуирано

Тековни потреби по објектите, набавка на воспитно-образовни помагала, дидактика по групите

Континуирано

Седница за тековни потреби и проблеми

Континуирано

Седница за подготовки за одбележување празници, формирање комисии и сл.

Континуирано

Разгледување и усвојување новини во работата

Континуирано

Анализа на згрижувачката и воспитно-образовната работа за изминатиот период

Јануари

Седница за планирање и распоред за користење годишни одмори на работниците

Мај

Анализа на згрижувачката и воспитно-образовната работа за изминатиот период

Јуни

Учество во изготвување на Годишен извештај за работа

Август/Септември

Седница за формирање на возрани групи и распоред за работа за учебна 2021/2022 год.

Август

 

 

2.СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ

Советот на родители  е формиран согласно Законот за заштита на децата и брои седум членови (по еден претставник од секој објект). Советот на родители учествува во низа активности во градинката со цел  унапредување на дејноста преку свои предлози и ангажмани, со изнаоѓање на средства и донации за подобрување на условите за престој на нивните деца. Се вклучуваат во разни работилници за збогатување на содржините на воспитно-образовната работа во градинката давајќи свои сугестии и предлози. Претставници од Советот на родители учествуваат и во Управниот одбор а се вклучуваат и во реализацијата на низа проекти, приредби, прослави и други манифестации значајни за градинката.

Со Советот на родители  раководи  претседател избран од членовите наСоветот. Своите состаноци Советот ги реализира во просториите на Детската градинка.

Советот на родители работи согласно  донесениот деловник за работа и од својот делокруг на работа донесува одлуки, заклучоци и предлози.

Советот на родители одржува седници  на кои се расправа по следните прашања:

$1програми кои се реализираат во Детската градинка;

$1вклучување на родителите во еко-програмата;

$1факултативни програми;

$1видови на наставни помагала и прирачници за работа со децата;

$1детски списанија;

$1театарски претстави, и

$1други актуелни моменти поврзани со престојот на децата.

Забелешка: Сите активности кои ќе се реализираат во склоп на советот на родители, ќе бидат планирани во согласност со здравствените препораки и протоколи од надлежните институции.

3.ПЛАН  И ПРОГРАМА ЗА РАБОТАНА СОВЕТОТ НА ВОСПИТУВАЧИ

Кога ќе ги имаме во предвид вредностите кои се нагласуваат преку педагошките стандарди ќе заклучиме дека образовниот пристап кој се темели на човековите права го обврзува воспитувачот - да имплементира инклузивна педагошка пракса и да го подржува детето во неговото вклучување во сопствениот развој. При тоа да става посебен акцент на застапување на автономија на детето , неговата иницијативност, чувство за индивидуалност  и подршка на развојот од најразлични аспекти  на идентитетот на детето. Да го почитува неговото право на глас ,но и  одговорност; да развива кај детето вештини за доживотно учење.

Се разбира дека во контекст на ова  ќе бидат сите заложби на нас како градинка во целина,  и парцијално на секој воспитувач во својата група.

Со воведувањето на задолжително водење на електронски дневник за работа во воспитните групи, согласно заложбите и набавка на преносни компјутери- лаптопи, овозможено е непречена и ажурно водење на педагошката администрација и евиденција.

Содржина   на    работата

Ориентационо време

Изготвување на долгорочно-годишно планирање и среднорочно-тематско  планирање за работа во воспитно-образовните групи

Септември

Изготвување месечни планови за работа на Советот

Септември

Изготвување среднорочно-тематско планирање по  возрасни групи

Континуирано

Договор за првите родителски  состаноци и одржување родителски состаноци

Септември

Одбележување на Детската недела

Октомври

Реализација на планирани активности од Еко-програмата

Еко-одборот

Подготовки за одбележување на празникот

11 Октомври

Октомври

Подготовки и реализација на проекти

Континуирано

Реализација на интерните проекти одделно  во сите седум објекти

Октомври- Мај

Учество во одбележувањето на Денот на Општина Гази Баба

Ноември

Одбележување на ,,13 Ноември,,

Ноември

Подготовка и пречекување на Дедо Мраз

Декември

Анализа на воспит.-образовната работа во првото полугодие

Јануари

Изработка на месечни планови

Јануари

Договор за начин на одбележување на ,,8-ми Март,,

Февруари

Одбележување на  Денот на екологијата

Март

Договори и  одбележување на ,,Априлијада,,

Март

Подготовки за реализација на Денот на градинката22 –ри Април - Ден на планетата Земја

Април

Работилница со родители на тема Подготовка на родителите за поаѓање  на децата на училиште

Мај

Подготовка и реализација на завршни приредби во сите објекти

Мај

Осврт на целокупната работа на Советот  на воспитувачи за воспитно-образовната работа во текот на изминатата година

Мај

Заклучоци и насоки за работата  на Советот на воспитувачи

Јуни

4.ПЛАН  ЗА РАБОТА НА  СОВЕТОТНА НЕГОВАТЕЛИ

Содржина   на   работата

Ориентационо

Време

Изготвување План за работа на Советот и насоки за работа за учебната година со  водење на дневник за работа во групите од најрана предучилишна возраст

Септември

Организирање и реализирање на згрижувачката работа во групите

континуирано

Вклучување и помош во работата на воспитувачот при развивање на културно-хигиенски и работни навики кај децата, преуредување на просторот и катчињата за работа

континуирано

Вклучување во подготовката на разни приредби и прослави, разубавување на просторот како во занималната така на целокупниот амбиент на градинката

континуирано

Теоретско предавање од стручни лица од соодветната област

Континуирано

Стручни средби и размена на искуства со други градинки

февруари/ март

Заклучни согледувања од згрижувачката работа со деца во прво полугодие

Февруари

Редовни контакти со родителите и нивно информирање за се она што се однесува за нивното дете од аспект на згрижувачката дејност а и пошироко, како и организирање на родителски средби

континуирано

Анализа на згрижувачката работа со децата во второто полугодие и насоки  за работа во летниот период

Јуни

 

 

 

  1. XI. ПЛАНИРАЊЕ НА ДРУГИ  РАБОТИ ЗА  ОСТВАРУВАЊЕТО  НА  ДЕЈНОСТА

1.РАБОТА НА АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕХНИЧКИОТ КАДАР

Во текот на оваа година правно- административниот кадар ќе се грижи за извршување на следните задачи:

$1редовно ќе ги следи законските прописи;

$1ќе се подготвуваат материјали за седниците на Управниот одбор;

$1ќе  изготвува нормативни акти;

$1уредно ќе ги води досиејата на вработените, архивата, водење на  кореспонденцијата со надлежни служби, координирање со општествената заедница, изготвување статистички извештаи и др.

$1редовно ќе се водат потребни аналитики, се во интерес на доброто     работење во установата;

$1спроведување на јавни набавки преку  ЕСЈН.

$1применување на мерките за заштита на личните податоци  кои се обработуваат во установата

$1електронско водење на евиденции , евиденција на вработени во јавен сектор   и сите работи поврзани со статусот на вработените.

Извршителите на финансиското работење ќе се грижат за реализирање и остварување на :

$1подготовка и изработка на финансиски план;

$1евидентирање на сите книговодствени работи;

$1аналитичка евиденција поврзана со престојот на деца;

$1пресметка на плати  на вработените;

$1изготвување извештаи и сл.

Извршителите на  тековното одржување на објекти и опрема, хаус-мајстори, ќе ги извршуваат следните задачи:

$1ќе се грижи за максимално доследно извршување на работните задачи;

$1за стекнување на заштеди во работењето;

$1навремено и благовремено да ги донесе во исправна состојба:  електриката, водоводот, греењето во објектите, одржување на инвентарот и други работи.

Извршителите за подготвување на храна како и дотурот на храната ( готвачите, помошници, домаќин,. садмојачи и др.помошен персонал) ќе се грижат за:

$1поквалитетно снабдување и подготвување на храната за децата,      запазувајќи ги нормативите  пропишани од МТСП со Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца  и придржување на пропишаната листа за јадење на децата;

$1водење сметка за естетската и хигиенската состојба на кујната ;

$1ќе настојуваат  во голема мера да придонесат  и во континуитет  да ги  реализираат потребните постапки за имлементираниот НАССР стандард.

$1водење грижа за одржување на транспортното возилото за  храна во пропишана  хигиенска состојба.

Работниците за одржување на хигиената во просториите редовно и уредно ќе ги запазуваат максималните хигиенски услови а особено внимание ќе посветат на одржување на  хигиената во занималните и детските вц простории.  Ќе вршат редовна дезинфекција на санитарните јазли, а најмалку два пати месечно ќе вршат  генерално чистење на објектите. За својата дневна работа  задолжени се со водење записи- евиденција.

Градинарите ќе се грижат за одржување на дворовите и нивно хортикултурно уредување.

Извршителите   за одржување на хигиената на постелините на децата ќе се грижат навреме и уредно постелината да биде испрана и испеглана.

$12. ТЕКОВНИ ПЛАНИРАЊА

Условите за учење и добро организираниот простор имаат исклучително влијание врз когнитивниот,социјалниот, емотивниот и психичкиот развој на децата. Со креирање на физички и психолошки безбедна средина, која располага со разновидни материјали, задачи и ситуации прилагодени на развојот на детето, воспитувачот го поттикнува учењето низ самостојно и групно истражување, преку игра и интеракција меѓу децата и возрасните.

Овозможувајќи секое дете да се чувствува добродојдено, во градинката се гради и одржува атмосфера во која секој поединец е почитуван, секое дете и неговото семејство се важен дел од заедницата од занималната и секое дете може да учествува во развојот и одржувањето на заедничкиот простор во неа.

Кога на децата ќе им се понуди сигурна средина која одговара на нивните специфични потреби, тие ќе бидат мотивирани да работат заедно, да се вклучуваат  во заеднички активности и да научат да бидат иницијативни.

Во контекст на материјално –финансиското работење на Детската градинка и  среднорочните планирања  за тековната година  акцент е ставен на:

- активности за  адаптација на детските вц простории во објектот Дететлинка каде не се реновирани ,   со цел  обезбедување солидни санитарно-хигиенски услови во детската градинка;

- ;

- продолжување на активности за создавање на подобри услови за престој на деца преку набавка на опрема   и  дидактика   ,

- продолжување на активности  за набавка на компјутерска опрема за работа на воспитниот кадар согласно  законските одредби за водење на електронска педагошка администрација и евиденција, како и

- реализирање на планирани работи од делот на тековно-инвестиционо  одржување на објектите,

- набавка на  клима уреди,

- опремување на занималните со нови детски маси и столчиња,

- обновување на кабинети, мебел опрема за занимална,

- бојадисување на објектот Искра и санација на помошна кујна,

- поставување на венецијанер ролетни во објектите,

- набавка на наставно - образовни помагала за настава со деца,

- набавка на детски постелнини,

- набавка на работни облеки и обувки за вработените,

- набавка на ситен инвентар за кујните и др.

Занималните во градинките се опремени со разновидни центри за учење: семејно; бибилиотечно; уметничко, конструктивно , драмско  и др. но мора да се напомене потребата од нивно дополнување и обновување со нови современи играчки прилагодени со возраста на  децата.

Сите наведени тековни зафати ќе се реализираат дел од наменските дотации од локалната самоуправа, a дел од сопствени средства .

 

Дел.бр. 01- 366/1                         вд. ДИРЕКТОР

Од 24.08.2021 год.  Весна Саревска            С к о п ј е  ____________________

 

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk