Артикли

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

ЈАВНА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА   -  ДЕТСКА ГРАДИНКА ,, 25  М А Ј ,,

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА - СКОПЈЕ

 

 

 

 

 

 

 

_______________________________________

СКОПЈЕ, Avgust - 2021год.

 

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

ЗА РАБОТА ЗА  2020/2021 ГОДИНА

 

ВОВЕД

Најубавиот период од животот на секој човек е неговото детство. Но, воспитно – образовниот процес во овој период е основа за успех во текот на целокупното понатамошно живеење. Затоа, на сите деца треба да им се даде еднаква можност за успешен старт во животот.

Тргнувајќи од оваа јасно поставена цел, воспитно-образовната и згрижувачката дејност во јавната установа за деца-Детска градинка ,,25 Мај”- Општина Гази Баба- Скопје, во текот на 2020/2021 година успешно беше реализирана со почитување на законските, статутарните, програмските регулативи и најновите педагошко-психолошки сознанија,како и пропишаните протоколи за работа од страна на СЗО како превентива  од ширење на корона вирусот.

Овозможувајќи стимулативна и безбедна средина за учење, раст и развој, овозможивме реализирање на се она што беше предвидено во Годишната Програма на почетоктот на учебната година. Совесното и одговорно работење, со јасна тенденција да продолжи понатаму е евалуирано и прикажано во натамошниот текст на овој Извештај.

ПОЈДОВНИ ОСНОВИ

         Јавната установа за деца-Детска градинка ,,25 Мај” Општина Гази Баба- Скопје (во понатамошен текст: Детската градинка), целокупната згрижувачка и воспитно-образовна дејност ја реализираше врз основа на :

$1Законот за заштита на децата (Сл.весник на Р.М. бр.23/13 со измените и дополнувањата во Сл.весник бр.12/14, 44/14, 144/14,10/15,25/15,150/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, 104/19, 146/19, 275/19 );

$1Статутот на Детската градинка;

$1Програма за рано учење и развој (Сл.весник на РМ бр.46/2014)

$1Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Сл.весник на РМ бр.28/2014со измените и дополнувањата во Сл.весник бр.40/14,136/14,71/15,170/16,151/18)

$1Правилник за формата, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и Центар за ран детски развој (Сл.весник бр.87/2013 со измените и дополнувањата во Сл.весник бр.154/13, 127/14, 146/15, 159/16, 85/19),

$1Правилник за побилиските критериуми за формирање и работа на советувалиштето за деца и родители во јавните детски градинки/Јавен центар за ран детски развој (Сл.весник бр.62/2013)  како и

$1постоечката законска регулатива, и

$1донесените одлуки од основачот- Општина Гази Баба кои се однесуваат за детската градинка.

Годишниот Извештај претставува сумирање на резултатите од учебна 2020/2021година како од аспект на згрижувањето, воспитанието и образованието на децата така и од аспект на создавање оптимални услови за безбеден престој на децата во време на светска пандемија. Целокупната работа во извештајната година е опишана во неколку содржински цели кои произлегуваат од тезите за изготвување Годишна програма за работа на детските градинки.

    Поради светската пандемија на covid-19, кој што го зафати целиот свет, од јануари 2020, беше прогласена вонредна состојба на ниво на цела држава.Со Одлука на Владата и препораката на СЗО беа затворени сите предучилишни установи и центри за ран детски развој од 12 Март до 8 Септември 2020 година,а од 9 Септември започна тековната воспитно-образовна работа под јасно пропишани протоколи за прием и згрижување на децата  со намален капацитет на групите и бројнотста на децата.

     

СОДРЖИНА НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ

Во Годишниот Извештај за работата на Детската градинка ,,25-Мај,, опфатени се следните содржини:

$11. Организација и работно време на градинката.

$12. Распоредување на децата по групи.

$13. Реализирање на Годишната Програма  за воспитно-образовна работа.

$14. Реализирање на стручно-педагошка дејност и социјална дејност.

$15. Реализирање на Планот за работа на директорот, стручните органи и тела, стручни работници и друг кадар.

$16. Реализирање на други работи и задачи поврзани со остварувањето на дејноста.

$17. Заклучни согледувањa

I. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТНО ВРЕМЕ

1.ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТНО ВРЕМЕ

1.1. Организациона поставеност на Детската градинка

Детската градинка својата дејност ја обавуваше во шест работни единици лоцирани на шест локалитети и тоа:

$1Објект ,,Сонце,,  Матична установа ул. Среќко Пужалка 112

$1Објект ,,Синолочка,,ул. Катлановска-бб

$1Објект ,,Искра,, ул. Палмиро Тољати-бб

$1Објект ,,Пони,, ул. Пехчевска- бб

$1Објект ,,Детелинка,,ул. Модест Мусоргски- бб

$1Објект ,,Морковче,,  ул.2А бр.1 – н.м. Јурумлери

Cите објекти се наменски изградени.      

Осврнувајќи се на условите за работа може да се каже дека во постојните капацитети на Детската градинка се создадени услови што овозможуваат  целокупната дејност да  се одвива успешно. Просториите се опремени со опрема сообразена со возраста и потребите на децата. Во занималните има уредено разновидни центри за ран детски развој во кои се обавуваат разни активности и се изведуваат сите игри,насочени и слободни активности.

Работните единици располагаат со дворна површина која на ниво на Детска градинка  изнесува вкупно 35.270 м2, што е уште еден позитивен услов за солиден престој на децата на отворено. Редовно се води грижа за одржување  на дворовите што подразбира редовно засадување садници, нивно негување и одржување како и секојдневна грижа за негување на цветните и тревните  површини. Некои од дворовите се опремени со соодветни детски реквизити за игра и забава на децата.

Сите објекти работат по принципот ,,клонови,, со тоа што административно-стручните работи се обавуваат во објектот Сонце. Во овој објект се наоѓа и централната кујна од каде главниот оброк- ручекот се дистрибуира во останатите пет објекти.   

1.1.2. ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

 

На ниво на Детска градинка просторните услови ги прикажуваме како што следува:

1. Вид  на просторијата

Број

Простории за згрижувачка и воспитно-образовна дејност

 

ЗАНИМАЛНИ - РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ

49

ФИСКУЛТУРНА  САЛА

5

БИБЛИОТЕКА

1

ПОСЕБНА ПРОСТОРИЈА ЗА ЧУВАЊЕ НА АУДИО-ВИЗ.СРЕДС.

2

ДРУГИ ПРОСТОРИИ

8

Простории за општествена и педагошка дејност

 

ПРОСТОРИЈА ЗА ДИРЕКТОР - УПРАВИТЕЛ

6

ПРОСТОРИЈА ЗА ПЕДАГОГ

2

ПРОСТОРИЈА ЗА ПЕДАГОШКО-МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

6

ПРОСТОРИЈА ЗА ВОСПИТУВАЧИ

6

ПРОСТОРИЈА ЗА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ПРИРЕДБИ

1

ДРУГИ ПРОСТОРИИ

10

Простории за здравствени, санитарни и други потреби

 

ПРОСТОРИЈА ЗА ПРИЕМ И ИСПРАЌАЊЕ НА ДЕЦА

15

ПРОСТОРИЈА ЗА ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

6

КУЈНА

6

ДРУГИ ПРОСТОРИИ (перална,  остава,трокадери )

12

ВКУПНА НЕТО КОРИСНА ПОВРШИНА

6.716 М2

Скривници

4

Магацини, помошни простории

 

ВКУПНА ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТИТЕ

8.136м2

Дворни и други површини

 

УРЕДЕНИ ДВОРНИ ПОВРШИНИ (хортикултивирани)

25.270m2

УРЕДЕН СПОРТИСКИ ТЕРЕН

1

В К У П Н О  ДВОРНА ПОВРШИНА

32.390 м2

Детската градинка во сите објекти го исполнува нормативот од просторни услови по дете во кое е вклученозанимална со придружни простории и заеднички повеќенаменски простор.

1.1.3. ОПРЕМЕНОСТ

Добро организираниот простор во сите објекти создаваше пријатна атмосфера за  непречено одвивање на дејноста .

Во сите објекти на установата  се поставени климатизери(клима уреди)  со цел овозможување што попријатни услови за престој на децата, а во некои од нив има и прочистувачи на воздух.Во тек е доопремување на сите занимални во сите објекти.

Правилно организираниот простор и добро одбраните играчки и дидактички материјали се битни услови за вклучување на децата во разновидните активности во текот на нивниот престој во центарот за ран детски развој. Во текот на учебната година во повеќе наврати беа набавени  разновидни наставно-образовни помагала.

Просториите во кои престојуваат децата располагаа со соодветен      дидактички материјал и играчки  преку кои се остваруваа и реализираа активностите предвидени за таа возраст.

Занималните во градинките се опремени со разновидни центри за ран детски развој и тоа: семеен,литературен, уметнички, конструктивен , драмски  и другицентри кои постојано се надолнуваат , обновуваат и преуредуваат.

1.1.4. АУДИОВИЗУЕЛНИ И  ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА

р.б.

ВИД НА СРЕДСТВАТА

  Бројна состојба

$11. 

ПРЕНОСНИ  Bluetooth  ЗВУЧНИЦИ

43

$12. 

КЛАВИР

6

$13. 

ЕЛ.ПИЈАНО  HP-3 ,,СУЗУКИ,,

1

$14. 

ТВ ПРИЕМНИК

8

$15. 

ДВД  ПЛЕЕР

6

$16. 

ОПРЕМА ЗА ОЗВУЧУВАЊЕ

1

$17. 

СИНТИСАЈЗЕР

1

$18. 

ХАРМОНИКА

1

$19. 

ПРОЖЕКТОР

1

$110. 

ПАРАВАН ЗА КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА

6

$111. 

СПОРТСКА ОПРЕМА (клацкалки, тобогани, високи и ниски скали и колички со спортски реквизити,топки и др.)

задоволува

1.1.5. БИБЛИОТЕКА

Детската градинка не располага со посебна просторија за библиотека. Литературата со која располага установата е сместена во повеќенаменска  просторија  за состаноци и за воспитниот кадар сместена во Објектот Сонце - матичната установа додека во објектите има кабинети кои располагаат со најразлични нагледни средства од сите воспитно-образовни подрачја. Истите редовно се збогатуваа со дидактички помагала кои ги изработуваа воспитниот и  згрижувачкиот кадар.

Установата располага со стручна и детска литература и со редовно следење на издавачката дејност постојано се збогатуваше и дополнуваше фондот на книги со ново излезена стручна, педагошка, здравствена и друга литература.

Детската градинка бешепретплатена на списаниетоПросветно дело, педагошкото списание Воспитни крстопати и списанието Образовни рефлексии. 

Од  издавачката куќа Детска радост, Едука Мак и Интеа Прес се набавуваадетските списанија  Росица,  Смешкa и  Месечко  како најзастапени месечни детски списанија.

1.2. ВРАБОТЕНИ И РАБОТНО ВРЕМЕ

1.2.1. ВРАБОТЕНИ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

На крајот на  оваа година заклучно со08.2021 година состојбата со извршители е следна:  

Вработени на неопределено време

р.б.

Работно место

Степен  /  вид на образование

Број на извршители

1

Директор

ВСС

1

2

Воспитувачи

ВСС/ВШС

30

 

Воспитувач приправник

ВСС

5

3

Неговател

ССС

48

 

Неговател приправник

ССС

4

4

Советник-секретар

ВСС

1

5

Наставник по физичко воспитување

ВСС

1

6

Музички педагог

ВСС

1

7

Сметководител (виш соработник)

ВШС

1

8

Помлад соработник(сметководител)

ВШС

1

9

Мат.книговодител-самостоен референт

ССС

1

10

Дипломиран дефектолог

ВСС

1

11

Возач

ССС

1

12

Главен готвач

ССС

1

13

Помошник готвач

ПКВ

2

14

Садомијач сервирка

НКВ

9

15

Хаус мајстор

ССС/КВ

2

16

Магационер

ПКВ

1

17

Чувар-градинар

НКВ

4

18

Перачка-пеглачка

НКВ

1

19

Хигиеничар

НКВ

17

Вкупно вработени на неопределено време

 

133

Вработени преку Агенција за привремени вработувања

1

Воспитувачи

ВСС

0

2

Неговател-приправник

ССС

4

3

Хигиеничар

ССС

2

4

Садомијач

ССС

0

5

Самостоен референт -администратор

ССС

1

6

Референт аналитичар-евидентичар

ССС

1

Вкупно вработени преку Агенција за привремени вработувања

 

8

СЕ ВКУПНО

 

141

1.2.2. УТВРДЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Работното време на Детската градинка е уредено со акт на Министерот за труд и социјална политика на Р.Македонија.

Детската градинка  беше отворена за работа со деца секој работен ден освен сабота, недела и државни и други празници утврдени со закон.

Работното време на Детската градинка во текот на денот изнесува 12 часа и трае од 06,00 наутро до 18,00 часот попладне, согласно со Одлуката за определување на работно време од Советот на општина Гази Баба.

Распоредот на работното време на работниците е скалесто  во рамките на 8 часовен работен ден.

Премот на децата во сите воспитни групи беше точно определен-скалесто како превентива и заштита од вирусот и обезбедување на социјална дистанца,помеѓу групите и децата.

II. РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПО  ГРУПИ

Капацитетот на ниво на Детска градинка за сите  објекти изнесува 990деца.На крајот на оваа учебна 2020/2021 година – пресек на крајот на мес.Мај - 2020год. опфатени се вкупно 1116  деца во сите шест објекти.

Според возраста а во согласност со чл.64 од Законот  за заштита на децата, децата  во објектите на детската градинка беа распоредени во следните возрасни групи:

Објект

Најрана предучил/возраст

Групи-деца

Градинка-Постара предуч.возр.

Групи  - деца

Проекти

Групи-деца

Вкупно

Групи- деца

Синоличка

  1. 17
  2. 4   -  99
  3. 1-23
  4. 139
     

Искра

  1.  19
  2. 4  -   102
   
  1. 5    -    121

Сонце

  1. 14
  2. 9   -  207
   
  1. 10   -    221

Детелинка

  1. 13
  2. 177  
   
  1. 190

Пони

  1. 1     -   21
  2. 8   - 185
   
  1. 206

Морковче

  1.  -    25
     

Вкупно:

  1. 109
  2. 36   -   856
  3. 1  -  23
  4. 43  -   988
     

Во сите објекти воспитно-образовната и згрижувачка работа се одвиваше во:

$1· 6хетерогени  групи  во најрана предучилишна возраст

$1· 36 –хомогени групи во постара предучилишна возраст

$1· 1 -   хетерогени група во постара предучилишна возраст

III. РЕАЛИЗИРАЊЕ НА  ГОДИШНАТА ПРОГРАМАТА

ЗА РАБОТА

   3.1.ОСНОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА

   РАБОТА ЗА ДЕЦА ОД НАЈРАНА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

 За успешно реализирање на воспитно-образовната работа се применуваше  Програмата за рано учење и развој за децата, изготвена од МТСП во соработка со УНИЦЕФ. Стандардите за рано учење и развој ги презентираат очекувањата кои што треба да ги достигнат децата од предучилишна возраст во разни домени на  развој (моторен, социо-емоционален, когнитивен итн). Овие стандарди можат да се применуваат во сите околности каде што се згрижуваат , воспитуваат и образуваат деца од 0 до 6 години. Стандардите секогаш се поврзани со индикаторот, со тоа што е видливо, мерливо, она што детето го прави или индикаторот е компонента на секој стандард која покажува што детето треба да научи, да прави, за да го доститне стандардот. Во рамките на еден стандард може да има поголем број на индикатори.

Стандардите се презентирани по развојни домени, но важно е да се нагласи дека развојниот процес и учење кај малите деца не тече изолирано туку се одвива континуирано преку сите домени. Развојните домени се меѓусебно поврзани, а децата учат со надградување на веќе постоечките знаења низ сите домени:

$11. Физичко здравје и моторен развој

$12. Социо-емоционален развој

$13. Развој на пристап кон учење

$14. Развој на јазикот, описменување и комуникација, и

$15. Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.

Развојниот процес кај децата се одвива преку повеќе субдомени. Очекуваните

 вредности кои децата  треба да ги поседуваат  при достигнувањето на стандардите за рано учење и развој се: независност, креативност, иницијативност, одговорност кон себе и кон околината, прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност , како и почит кон заедницата.

Стандардите за рано учење и развој се однесуваат за возрасниот интервал  од 0 до 6 години поделени во следните возрасни групи:

$1Од 0 до 2 години;

$1Од 2 до 4 години,

$1Од 4 до 6 години.

3.1. ОСНОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА

       РАБОТА ЗА ДЕЦА ОД НАЈРАНА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

(за деца  од 8 до 24 месеци)

     Животот и работата на децата од најрана предучилишна возраст беше диктиран од специфичностите на психо-физичкиот развој на децата и нивните  можности. Заради специфичностите на овој  животен период кај децата и општите карактеристики на организацијата за реализирање на воспитно-згрижувачката дејност, програмата беше реализирана преку следните домени:

Физичко здравје и моторен развој:

     Субдомени:

$1груб моторен развој;

$1фин моторен развој;

$1здраво и безбедно однесување,

$1сензо-моторен развој.

Социо-емоционален развој

          Субдомени:

$1социјален развој,

$1емоционален развој

Развој на пристап кон учење

            Субдомени:

$1Љубопитност и иницијативност

$1Креативност и истрајност

Когнитивен развој и стекнување  на општи знаења

               Субдомени:

$1Логика и размислување

3.1.2. РЕАЛИЗАЦИЈА  НА ПРОГРАМАТА ЗА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА РАБОТА СО ДЕЦАТА ОД ПОСТАРА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ( ОД 2  ДО 6 ГОДИНИ )

Воспитувачите врз база на  „Основите на програмата за воспитно-образовна работа во предучилишното воспитание и образование“ и Програмата за рано учење и развој, а имајќи ги во предвид условите за работа, пошироката околина, културата и менталитетот во средината , индивидуалните разлики, потребите и можностите на децата во конкретната група изготвуваа:

$1Долгорочно -годишно,

$1Среднорочно- тематски , и

$1Краткорочно- дневно планирање.

    Воспитно-образовната работа се планираше и реализираше интегрирано.

При планирањето воспитувачот јасно и прецизно ги дефинираше целите на воспитно-образовната работа а потоа определуваше  активности со кои најефикасно ќе ги реализира определените цели.

    Програмата за воспитно-образовна работа со децата од две до шест години е           претставена  шематски како што следува преку следните основни домени.

                      Д о м е н и

За деца

од  2-3год

За деца

од 3-4 год.

За деца

од 4-6г.

1.ФИЗИЧКО ЗДРАВЈЕ И МОТОРЕН  РАЗВОЈ

     

-Груб моторен развој

,,

,,

,,

-Фин моторен развој

,,

,,

,,

-здраво и безбедно однесување

,,

,,

,,

-сензо-моторен развој

,,

,,

,,

2.СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ

     

-социјален развој

,,

,,

,,

-емоционален развој

,,

,,

,,

3.ПРИСТАП КОН УЧЕЊЕ

,,

,,

,,

-љубопитност и иницијативност

,,

,,

,,

-креативност и истрајност

,,

,,

,,

4.ЈАЗИК, КОМУНИКАЦИЈА И РАЗВОЈНА ПИСМЕНОСТ

     

-комуникација

,,

,,

,,

-основи за читање

,,

,,

,,

-основи за пишување

,,

,,

,,

5.КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ ОПШТИ ЗНАЕЊА

     

-логика и размислување

,,

,,

,,

-математика и броеви

,,

,,

,,

-наука

,,

,,

 

-уметност

   

,,

3.1.3. ДНЕВНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО ВО ГРАДИНКАТА

 Организација на денот во групите за деца по возрасни групи  ориентационо се реализираше:

         за деца до 18 месеци                                      за деца над 18 до 24 месеци

Активности

Време

 Активности

Време

-прием на децата и слободни активности

до 8,15ч

-прием на децата и слободни активности

до 8,15ч

-подготовка за појадок и појадок

8,15 ч

-подготовка за појадок и појадок

8,15 ч

-реализација на дневното планирање

9,00 ч.

-реализација на дневното планирање

9,00 ч.

-ужинка

10,00ч.

-ужинка

10,00ч.

-тоалет и подготовки за спиење

10,20ч.

-слободни игри и престој на свеж воздух

10,30ч.

-пасивен одмор-спиење

10,50ч.

-тоалет , подготовки за спиење

11,30ч.

-тоалет, подготовки за ручек

12,50ч.

-ручек

12,00ч.

-ручек

13,10ч.

-пасивен одмор-спиење

12,45ч.

-миење раце и тоалет

13,40ч.

-ужинка

14,45ч.

-слободни игри и престој на воздух

14,00ч.

реализација на дневното планирање

15,10ч,

-ужинка

15,00ч.

-слободни игри

15,30ч.

-реализација на дневното планирање

15,30ч.

-заминување на децата

до 18,00ч.

-слободни игри

16,00ч.

   

-заминување на децата

до 18,00ч.

   

Дневни активности  за деца од постара предучилишна возраст

        за  деца над 2 до 4 години                      за деца над 4 до  6 години

Активности

Време

 Активности

Време

прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)

до 8,15ч

прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)

до 8,15ч

утринска гимнастика

8,15 ч

утринска гимнастика

8,15 ч

појадок

8,30ч.

појадок

8,30ч,

реализација на дневното планирање

9,00ч.

реализација на дневното планирање

9,00ч,

ужинка

10,00ч.

ужинка

10,00ч.

реализација на дневното планирање

10,30ч.

реализација на дневното планирање

10,30ч.

прошетка, набљудување и прстој на свеж воздух

11,00ч.

прошетка, набљудување и прстој на воздух

11,15ч.

ручек

12,15ч..

средување на центрите за учење

12,00ч.

пасивен одмор-спиење

12,45ч,

ручек

12,15ч..

ужинка

14,45ч.

пасивен одмор-спиење

12,45ч.

реализација на дневното планирање

15,15 ч.

ужинка

14,30ч.

слободни игри

16,30ч.

реализација на факултативни програми (програми по избор  на родителите, децата пр.јазик, балет)

15,00ч.

средување на центрите за учење

17,30ч.

слободни игри

16,45ч.

заминување на децата

до 18,00ч.

средување на центрите за учење

17,30ч.

   

заминување на децата

до 18,00.

3.2.РЕАЛИЗИРАНИ ДНЕВНИ ПЛАНИРАЊА НА  ВОСПИТНО-ОРАЗОВНА РАБОТА

3.2.1.Во текот на учебната година од планираните  теми   со Програмата за воспитно-образовна работа, реализирани се следните теми :

1.Градинката, мојот втор дом

2.Есенска кралица,дарежлива убавица

3.Бела белина, како сон постелнина

4.Семејно стебло

5.Немаме резервна планета

6.Секое патување ново доживување

Темите беа разработени преку реализирање на стандардите од различни

 домени и тоа:

$1физичко здравје и моторен развој

$1социоемоционален развој

$1развој на пристап кон учење

$1развој на јазикот, описменување и комуникација

$1когнитивен развој и стекнување со општи знаења.

За успешно реализирање на сите овие теми беа организирани и голем број на активности и посети кои произлегуваа од самите содржини што се работеа со децата.

објект

проект- тема

реализирани

активности

реализирано во месец

Сонце

Децата во приказните

,,Децата во приказните,,

,,Моето библиотекарско катче,,

-Обработка на омилени приказни

-Изработка на моја илустративна приказна

,,Театар за деца,,

-Изработка на костими за куклена претстава

-изведба на куклена претстава од децата од големите групи

-,,Балетот е приказна изведена на јазик кој што сите народи го разбираат,,

-Запознавање и воведување со пимот балет

-Изработка на костими за балетска претства

-Следење на видео балетска претства

-Следење на детска тв емисија

-Следење на омилени детски приказни и илустрација

континуирано

Синоличка

 Почва

,,Како настанала почвата,,

,,Обработка на почва,,

,,Запознавање со процесот на садење,,

,,Потхранување на почвата,,

,,Загадувачи на почвата,,

,,Почвата –животна средина на растенијата и животните,,

,,ЕКО-патрола во дворот на градинката

континуирано

Искра

Вируси и бактерии

,,Моделирање бактерии и вируси од пластелин,,

,,Експерименти со сапун,,

,,Опсервација на бактериите и вирусите под микроскоп,,-енциклопедија

,,Средтсва за дезинфекција и нивна примена,,

,,Како се облекуваат медицинските лица,,

,,Вита-витамини,,обработка на песна

,,Нечиста Стана,,куклена претстава

,,Музика и движење,,-хигиената е половина здравје

,,Симболичка игра,,лабараторија

Детелинка

Лековити растенија

Како се лекуваме со лековитите билки-книга,,Лековити билки,,

,,Болното кукле,,

,,Куклен театар,,

,,Каде растат лековити билки,,-воочување препознавање,именување

,,Погоди го името,,говорна игра

,,Вкусно чајче,,стихотворба

,,Сликаме лековити билки,,-ликовна игра

,,Набљудување разновидни сушени билки,,

,,Учиме за користта од билките,,

,,Примена на билките во исхраната,,

,,Билките во козметиката,,

,,Билките во медицината,,

,,Хербариум,,

Континуирано

Пони

Моите сетила

,,Волшебно торбиче,,истражувачка игра со допир

,,Препознај ме по вкус-есенски плодови(вкус,мирис)

,,Ги слушаме звуците на природата,,-слух

,,Пронајди ја разликата,боја,форма,големина(вид)

,,Божиќни колачиња,,(вкус)

,,Каков е снегот,, допир

,,Топло чајче,,(мирис,вкус)

,,Сетило за вид,,

,,Очите прозорчиња кон светот,,

,,Различни тропалки,различни звуци,,(слух-музички игри)

континуирано

Морковче

Истражуваме  и патуваме низ вселената

,,Мојот дом на планетата Земја,,

,,Каква е земјата,,

,,На патот кон вселената,,

,,Го истражуваме сончевиот систем,,

,,Планетите Венера,Марс и Јупитер

Планетите Уран,Нептун

Нашата галаксија

,,Како да станам астронаут,,

континуирано

4.1. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Во рамките на воспитно-образовната дејност на Детската градинка  се организира и здравствена заштита на децата кои престојуваат во неа. Таа  се состои од систематска и сестрана грижа за здравјето и правилниот психофизички развој на децата . Во градинката беше организирана редовна здравствена заштита на децата под контрола на медицинска сестра.

Во објектите согласно со условите и можностите се спроведува следниве мерки :

$1· Антрополошки мерења (мерење на висина и телесна тежина)

$1· Контрола на имунизацијата на децата

$1· Спроведување на превентивни мерки во време на заразни болести (варичела, скарлатина и сл. )

$1· Здравствено едукативни  и информативни паноа за родители и деца на влезовите на објектите

$1· Здравствено просветување на персоналот преку предавања, советувања и здравствена литература  

$1· Систематски и санитарни прегледи на вработените во објектите

$1· Редовна грижа за хигиената во објектите и кујните во нив.

Основна грижа на вработените беше одржување на беспрекорна хигиена на просториите во кои престојуваат децата , играчките , приборот за цртање, приборот за јадење, предметите со кои децата доаѓааат во допир секојдневно, а при тоа водејќи сметка за редовна употреба  на средствата за хигиена и дезинфекција .

При реализацијата на здравствената заштита на децата многу голем  акцент се стави на правилната и здрава исхрана на децата. За таа цел листата за јадење беше неколку пати менувана во зависност од потребите за здрав оброк на децата. Листите за јадење се изготвуваа сезонски според ,,Нормативите за исхрана и стандарди за исхрана и оброци на децата во детската градинка,, (Сл.весник на РМ, бр. 71/15) и ,,Правилникот за информации поврзани со храната ,,(Сл.весник на Р.М бр.150/15) и на тој начин децата се учеа на здрав начин на исхрана и користење на продуктите кои се здрави за конзумирање.

Посебно внимание  се посветуваше на ново примените и децата кои подолго време не престојувале во градинката по нивното враќање да достават лекарска белешка за добрата  здравствената состојба на децата како важен услов за посетување на градинка .

Се водеше сметка и за навремено обезбедување на лекарства за прва помош и стерилен преврзочен материјал и укажување на прва помош при повреда или заболување.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат Скопје,врз основа на добиената информација од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Скопје поради прогласена епидемијана територијата на град Скопје  забрани  згрижување на деца  кои не се имунизирани со вакцина  против морбли, рубеола и паратит (МРП),согласно задолжителниот календар на имунизација.Оваа законска регулатива се спроведе и во нашата градинка,беа згрижени само деца со примена МРП вакцина,истото се применуваше и за ново примените деца .

Согласно со оваа состојба и новонастанатата сведска пандемија на Корона вирус  се превземаа и санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки на ниво на цела градинка.Градинката беше во постојана комуникација со одговорните лица во Центарот за Јавно здравје кои ни даваа насоки и препораки за примена на протоколите и превентивни мерки на изолација при појава на заболен од ковид .

4.2.РЕАЛИЗАЦИЈА  НА  ЈАВНАТА  И КУЛТУРНАТА   ДЕЈНОСТ

         За целосно остварување и реализирање на севкупните задачи на предучилишното воспитание и образование, а особено за подобрување на воспитно-образовните резултати и збогатување на културниот живот во детската градинка, придонесе и реализацијата на јавната и културна дејност на градинката во согласност со пропишаните протоколи.

Вонредната состојба се одрази на целокупната работа на градинката и одбележување на културно-забавните  манифестации ,поради која не беа дозволени било какви групирања надвор од воспитно-образовните групи ,ниту надвор од градинката.Сите манифестации и прослави се одржуваа на ниво на  возрасната група

.

$11. Недела на детето 

$12. Одбележување на “13 Ноември”-Роденден на Градот Скопје 

$13. Есенска  свеченост 

$14. Денот на Општинaта Гази Баба 

$15. Нова Годинa 

$16. 8-ми Март 

$17. Денот на пролетта 

$18. Роденден на Планетата Земја 

$19. Завршни приредби  

Хронолошки  активностите  се одвиваа:

$1· Почетокот на учебната 2020/2021во секој од објектите на нашата градинка беше пригодно одбележан со топло добредојде и пријатен пречек на сите деца во рамките на воспитните групи

Роденденот на татковината 8,Септември беше одблежан во сите објекти на пригоден начин со ликовни цртежи,честитки,стихотворби..

 

4.3.СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

 

Соработката со родителите,поради новонастаната сосотојба,  се одвиваше  преку  повеќе форми и начини,почитувајки ги протоколите за превенција од корона вирусот.Сите потребни информации и консултации со родителите се одвиваа виртуелно-со користење на електронска комуникација и индивидуално при прием на децата во утринските часови.

 

Индивидуалните контакти со  родителите беа многу честа форма на соработка со голем акцент на адаптациониот период  но и во понатамошниот секојдневен  раст и севкупен развој на децата. Родителите беа информирани преку: информативни паноа за родители, преку кои можеа да се запознаат со воспитно-образовната работа, исхраната на децата, изложби на детски изработки, фотографии од активности и сл.

 

Отвореноста на градинката кон семејството останува и понатаму тренд кој ќе се следи, имајќи ја во предвид се поголемата заинтересираност на родителите за овој период од детскиот развој.

 

4.4.СЛЕДЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗГРИЖУВАЧКАТАИ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА ДЕЈНОСТ

 

Секојдневните активности на здравствениот и воспитниот кадар   беа следени и надгледувани како од страна на директорот така и од страна на стручните служби  на Детската градинка при тоа се даваа соодветни упатства и насоки со цел да се подобри и унапреди дејноста.

 

Со цел унапредување на воспитно-згрижувачката дејност се овозможи вклучување на сите форми на стручно усовршување, семинари, советувања и слично,како и припреми за изготвување на личен план за професионален развој на секоја индивидуа по пат  на саморефлексија.

 

 Во склоп на стручното усовршување се водеше сметка за збогатување на библиотеката со стручна, педагошка и здравствена литература  и   редовна набавка на детски списанија. Се организираа низа стручни предавања на кои  се третираа одредени стручни проблеми и сл. меѓу кои и следните:

 

$1· Континуирано во текот на целата  година  воспитувачите учествуаа во проектот за подобрување  на социјалните услуги ,,Компонента,проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на услугите за згрижување и воспитание на предучилишни деца.Имавме серија на обуки за ефективност на воспитувачите во рамките на програмата ,,Социјална кохезија и културен дијалог,,.

 

Во месец ноември и декември на овие обуки присуствуважше и стручниот работник-дефектолог за дополнително усовршување на своите компетенции.

 

$1· Во месец декември преку здружението ,,Ас-анима,,учествуваме во работилницата ,,Препознавање и справување со деца кои што имаат дефицит во вниманието-хиперактивни деца во предучилична возраст.

 

Општа цел на работилницата  беше унапредување  на социјалните вештини на детето,со дефицит на вниманието и хиперактивно и импулсивно однесување.

 

Посебна цел беше подобрување на самодовербата,подобра интеграција и социјализација на оваа група деца.

 

Едукатор на работилницата беше доц.Д-р Слаѓана Анѓелкоска,универзитетски професор,психотерапевт,едукатор и советувач на родители за деца со пречки во развојот.

 

$1· Во месец  февруари беше реализирана првата работилница за практичари од детските градинки на тема ,,Воведување програма за менторство,,(обука на работно место) за нови вработени.Целта на работилницата беше практичарите да се запознаат и да развијат вештини  за примена на базичните професионални компетенции на профилите кои работат во детските градинки и процесот на менторство, како и да дадат свои мислења и сугестии за подобрувања на документот.

 

           Работилници на оваа тема беа реализирани и во месец  мај и јуни

 

$1· Во месец март беше реализирана обука на актуелна тема,,Функционално менаџирање на ангажираноста на давателите на услуги во градинките во кризни ситуации.Обучувач на оваа работилница беше Д-р.Константин Петковски.

 

$1· Во рамките на обуките за воспитувачи и негователи во месец март беше реализирана и обука  за професионален развој на врабоотени во детски градинки.Обучувач,Иван Христов,дипломиран психолог и едукант по Гешталт психологија.Обуката беше намената за лично  унапредување на вештини и професинален развој на вработените во детските градинки.

 

$1· Во месец април дел од воспитниот тим следешеон-лајн обука на тема,,Менторство во детските градинки,,.

 

$1· ,,Психолошка подршка на родители и лица кои работат со деца со атипичен развој,,беше тема која ја проследија дел од воспитувачите преку интернет платформа во месец април

 

$1· На слична тема воспитувачите присуствуваа и на вебинарот ,,АУТИЗМОТ-мистериозен предизвик на 21 век,, одржан од Македонската асоцијација на медицински студенти .

 

$1· ,,Стрес и резилистентност кај децата,,-вебинар на кој учествуваа воспитувачи а беше организирано исто он-лајн од страна Здружението за дислексија,,Ајнштајн,,

 

$1· Во месец мај воспитувачите следеа  вебинар на тема ,,Посебни потреби  и потешкотии во учењето и како да се справиме со нив,,инклузивни методи во поддршката на децата со различни потешкотии во развојот,организирано од ЈУДГ ,,Срничка,, подддржано од Еразмус,за проектот ,,Најдобри практики за инклузивни градинки,,

 

4.5. СОЦИЈАЛНА ДЕЈНОСТ

 

Врз основа на законските прописи кои ги регулираат посебните права на  граѓаните , Детската градинка води политика    на соодветен начин да им помогне на родителите.

 

Во изминатата учебна година ослободени од плаќање надоместок за престој беа   родителите на 3 деца. Ослободувањето од плаќање е во согласност со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства.Исто така 1 дете беше ослободено од плаќање со одлука на Управен одбор како деца на многудетно семејство.

 

Нашата градинка активно е вклучена во соработката со Советодавниот центар за родители и деца на Општина Гази Баба и сите наши родители можат да ја користат услугата и советите што ги пружаат стручните лица од овој центар.

 

Преку потпишување на Меморандум за соработка, првпат во 2009 год. кој секоја година се обновува и доградува е дефиниран начинот и областите на заедничка соработка  меѓу СОС-Детско Село и нашата установа.

 

Со меморандумот се опфатени:

 

$1· заедничко учество на двете организации во платформата за унапредување на состојбата со децата и семејствата со социјален ризик;

 

$1· заеднички проект Игротека во просториите на Советодавниот центар; едукативни работилници за ран детски развој;

 

$1· советување со родители од градинката за развојни проблеми со децата; заеднички настани, прослави и сл.

 

$1· запишување одн. опфаќање со престој во градинка  и опфаќање на 20 деца од ромска заедница преку Проектот Инклузија на деца Роми во јавните детски градинки кој се реализира во објектот Искра.

 

4.6. ПРОЕКТИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАА КОИ СЕ ОДОБРЕНИ ОД МТСП

 

4.6.1. ПРОЕКТ ,,ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА -РОМИ ВО ЈУДГ ,, 

 

И измината  година  продолжи   реализацијата на  Проектот,, Инклузија на децата од ромската популација во редовните групи во детските градинки,, и истиот  сереализираше во објектот Искра.Со проектот беа опфатени 20  деца од социјално загрозена категорија на возраст  пред поаѓање во училиште со цел нивно успешно вклучување во редовниот воспитно-образовен систем.

 

Проектот е одобрен од Министерство за труд и социјална политика и подржан од Општина Гази Баба и ЈУДГ 25 Мај во соработка со Ромскиот Едукативен Фонд-Будимпешта.

 

4.6.2.  ПРОЕКТ ,,МОЗАИК,, 

 

Проектот ,,Мозаик,,  се реализира во објктот ,,Синоличка” со него се опфатени деца од македонска и албанска етничка припадност. Во учебната година беа опфатени вкупно 23 деца. Во групата работи воспитувач  на македонски јазик и воспитувач на албански јазик.

 

4.6.3 .ПРОЕКТ ,,ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ,, 

 

Проектот ,,Инклузија на децата со посебни потреби во редовните групи,, продолжува да се реализира и   оваа учебна година.

 

Децата беа вклучени во редовните воспитно-образовни групи со тоа што во дадени моменти приодот бешеиндивидуален во соработка со стручното лице –дефектолог, со цел постигнување што подобри резултати во работата со тие деца. 

 

4.6.4. ПРОЕКТ ,,ГРАДОТ  НИЗ ДЕТСКИТЕ ОЧИ“ 

 

Проектот „Градот низ детските очи“ отпочна со реализација од 09.2013 год.  и продолжи со реализација во извештајната година. Во склоп на овој проект беа предвидени  и реализирани низа активности .Посети на културни споменици и обележја во град Скопје  беа оневозможени поради мерките за заштита од ковид ,затоа децата следа видео репортажи за занаменитостите во градот и сето тоа го илустрираа преку цртеж ,макети и конструктивни игри.

 

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk