Соработка со институции

  • Печати

 За успешно реализирање на поголемиот број предвидени воспитно-образовни задачи неопходно е Детската градинка да соработува со други воспитно-образовни,спортски, здравствени, културни, научни и други установи. Сето ова има голема улога во подобрувањето на резултатите и постигнувањата на децата во целовкупниот нивен развој. 

                Основна соработка Детската градинка остварува со :

  • Општина Гази Баба - на сите нивоа
  • Министерство за труд и социјална политика - сектор за детска заштита 

 

1. Соработка со други воспитно -образовни установи 

  • Бирото за развој  на образованието 
  • Детските градинки во градот и Републиката 
  • Основните училишта на територијата на Општината
  • Филозофскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј - Скопје
  • Педагошки факултет во Скопје и Штип 
  • Министерство за образование на РМ

 

2. Соработка со спортски , здравствени и културни установи и здруженија 

  • Соработка со Поликлиниката „Ченто„ , во делот на едукација на децата за орално здравје 
  • Соработка со Советодавен центар на О.Гази Баба и СОС -Детско село, за зајакнување на семејството , односно превенција од напуштање на децата од биолошките семејства 
  • Соработка со Детскиот културен центар „Карпош„
  • Соработка со Сојузот за грижи и воспитание на децата на град Скопје
  • Соработка со Црвениот крст на град Скопје и О. Гази Баба 
  • Соработка со МТСП и РСБС со реализација на проекти поврзани со безбедноста на децата во сообраќајот и сообраќајната култура 
  • Соработка со Музеи во Скопје : Музеј на современа уметност , музеј на град Скопје, Археолошки локалитет и Музеј на отворено „Тумба Маџари„
  • Јавните медиуми 

 

3. Педагошко -методска пракса на студенти 

И оваа година детската градинка е им овозможи реализирање на педагошко методска практика на студенти до соодветните студии на Педагошкиот факултет и филозофскиот факултет. Околу дваесетина студенти ќе имаат можност да ја реализираат својата пракса во Детската градинка и со помож на воспитувач - ментор да ја реализираат наставната програма.

 

4.Мозаик - билингвална група 

Како дел од мултикултурните случување на ниво  на ЈУДГ „25 Мај„ постои групата Мозаик како билингвална група во која работат воспитувачи од Македонска и Албанска националност , а децата имаат можност да ги следат активностите на двата јазика.

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk