Наслов на реализирана активност: „Светски ден на децата„
Опис на активноста: Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високо ранлива општествена група која лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство. Во согласност со ООН, децата се изложени на насилство, експлоатација, виктимизација од страна на возрасните секојдневно, но и на глад, болести и недостаток на социоекономски услови за здрав и активен живот во државите кои се сметаат за сиромашни или пак за држави во развој.
„Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете , треба да соаздаваме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа , љубов и разбирање. Токму тоа не задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните , како активни субјекти и носители на права и обврски . Кон нив треба да се однесува со должно внимание , нив треба да им овозможиме образование , со цел натамошен просперитет на човештвото„ (Народниот правибранител)
Возрасна група: Голема гр. (5-6 год.)
Воспитувач: Ана Мердита
Објект: Сонце
Датум: 20.11.2018 година