Наслов на реализирана активност: Признание за најубаво украсен објект во о. Гази Баба (објектот Сонце)
Опис на активноста: На овогодинешниот конкурс организиран од страна на општина Гази Баба , конкурираше и нашиот објект Сонце. Меѓу нив имаше и други објекти од други гардинки , но и оваа година нашиот објект го доби признанието за најубаво украсен објект. По тој повод заедно со децата од големата група имавме средба со Градоначалникот Г-дин Борис Георгиевски во општината . Децата му подарија новгодишна честитка - рачно изработена од нивните вредни рачиња со желби за успешна и среќна Нова година , а тој како награда за најубаво украсен објект ни подари новогодишна елка и украс дедо Мраз кои ќе го разубавуваат нашиот објект .
Возрасна група: Голема гр. (5-6 год.)
Воспитувач: Стефана Димитриеска
Објект: Сонце
Датум: 27.12.2018 година