-
ЈУДГ ,, 25 Мај'
- еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
Наскоро.. Read More
- 1
- 2
- 3
За нас
- Детали
- Посети: 7366
ЈУДГ ,, 25 Мај"
Нашата градинка ,, 25 Мај" започна со работа во1965 година. Во нејзиниот состав влегуваат 6 објекти, во кои целокупната дејност ја вршат 103 вработени лица. Нејзиниот вкупен капацитет изнесува 990 деца кои се распределени во 39 воспитни групи. Наша основна дејност е воспитание, образование и згрижување на децата од 8 месеци до поаѓање на училиште.
1.МИСИЈА И ВИЗИЈА
МИСИЈА
В - ВОДИЛКА НА ДЕТСКАТА ИДНИНА
И - ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ
Н - НЕЖНА ТОПЛА ПРЕГРАТКА
О - ОТКРИВАМЕ , ОСОЗНАВАМЕ
Ж - ЖИВОТ ПОЛН СО НАСМЕВКИ
И - ИНСПИРАЦИЈА И КРЕАТИВНОСТ
Т -ТОПЛИНА КАКО ВТОР ДОМ
О - ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТАНИЕ -ТЕМЕЛ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ !
МОТО
СИТЕ ЗАЕДНО, СИТЕ ЕДНАКВИ, ПОД БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО !!!
Програмата за воспитно образовната работа за јавните детски гардинки треба да им помогне на децата да се едуцираат за да ги прошират своите познавања, да формираат поими, да постигнат основни вештини и позитивни ставови кон учењето, да почнат зда ги развиваат споите способности и таленти во различни подрачја.
Планираите активности ќе ги поттикнат децата да истражуваат, да предвидуваат, да сознаваат, да прашуваат и да анализираат, Кај секое дете интелектуалната , физичката, социјалната , емоционалната и креативната димензија се меѓусебно поврзани. Затоа програмата се однесува на сите аспекти на развојот на детето што ќе создаде можност за соодветно изразување низ: јазичните активности, драмски, ликовни, како и кооперативни активности со возрасните. Децата поттикнати од вродената љубопитност се жедни за постојано учење и затоа многу е важно да се искористи природната љубопитност и креативност, со што ќе создадеме учење по мерка на детето.
Доколку се инвестира во раниот детски развој - од раќање па се до петтата година, понатамошното развивање на когнитивните и социјалните вештини во овој период може многу да се постигне бидејќи тоа е решението за подобро образование и подобри резултати во останатите свери од животот како и поголем економски просперитет. резултатот е многу поспособни, попродуктивни и ценети граѓани.
Ако сето ова го имаме во вид, нашите заложби како градинка и носители на дејноста ќе бидат:
-еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете индивидуализрано подучување, холистички пристап кон развојот на детето , односно методологија која е насочена кон детето , инклузија, вклучување на семејствата и заедницата, користење разновидни пристапи кон учењето и создавање стимулативна средина која меѓу другото ја одразува и културата од која поттекнуваат децата .
>> РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СФАТИ КАКО ТРКА, ТОА Е ЕДИНСТВЕНО ПАТУВАЊЕ НА СЕКОЕ ДЕТЕ ПОСЕБНО <<
Раното детство е од особено значење за севкупниот понатамошен развој на личноста. Затоа нашата цел како градинка е да создадеме стимулативна и креативна средина во која детето ќе може да го осознава светот, да учи и да ги развива своите потенцијали преку игри, песни, дружење, интеракција, истражувачко-откривачки активности, решавање на разни проблемски ситуации и сл. Затоа наша задача е да создадеме учење по мерка на детето, кое ќе биде во согласност со развојните законитости на децата. Ако сето ова го имаме вo предвид нашите залагања како градинка се:
- еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете
- индивидуализиран пристап кон детето
- вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес
- користење на разновидини пристапи со децата при реализирањето на воспитно-образовната дејност
- користење на соодветни надгледни средства, техники, методи
- следење на современите трендови во светот
- реализација на проекти
- работилници за деца и родители
- семинари и работилници за професионално усовршување на вработените
- приредби
- хуманитарни акции
- излети
- посети
Работното време на градинката е 12 часа од 5 и 30ч. наутро до 18 ч. попладне.