• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Катчиња за учење и игри

КАТЧИЊА ЗА УЧЕЊЕ И ИГРА

 

   Кога ќе се влезе во една занимална, самата перцепција на просторот ни остава впечаток како да сме во куќа со различни соби. Тој впечаток го овозможуваат катчињата за игра и учење кои се на различен начин маркирани просторни делови, меѓусебно одвоени со ниски прегради. Ниските прегради овозможуваат привидна изолираност при што децата секогаш имаат можност да видат што се работи во другите катчиња, додека пак повисоките прегради ги одвојуваат помирните и тивки катчиња. Распоредот на катчињата е флексибилен и се прави во согласност со интересите и потребите на децата, програмата, актуелностите за тој ден како и можностите кои ги нуди самата просторија.

Основни обележја на катчињата се материјалите, играчките, надгледните средства и сл. кои се така поставени да му бидат на дофат на секое дете, а правило е во различни катчиња да се распоредуваат различни материјали кои асоцираат на специфичноста на катчето и активностите кои може да се изведуваат во него. Во една занимална постојат следните катчиња: ликовно, манипулативно, литературно, научно-истражувачко, семејно-драмско катче, конструктивно, сообраќајно, музичко катче, а во зависност од темата која се обработува секогаш постои можност да се формираат и други дополнителни катчиња. За поуспешно остварување на целите и задачите на конкретната содржина која е програмски планирана, како и да се овозможи поголема ангажираност на децата потребно е отворање на повеќе катчиња истовремено. Децата имаат активна улога во катчето кое сами го избираат ползувајќи ги материјалите со кои самостојно работат. Материјалите во катчето се однапред подготвени во согласност со содржината и активноста што треба да се реализира, а на детето му се пружа можност да направи избор според сопствените желби и интереси. Воспитувачот внимателно го следи направениот избор и ако процени дека изборот не е соодветен на способностите на детето треба да го насочи , но сепак да остави простор детето само да ја донесе конечната одлука.

Пример литературното катче изобилува со различни сликовници, детски списанија и сл. и се практикува да биде во некој оддвоен дел од занималната кој ќе се смета за мирно катче.

Научно-истражувачкото катче изобилува со природни материјали и други помагала (епрувети, тегли, чаши микроскоп) со кои децата ќе може да експериментираат, откриваат, истражуваат и при тоа самостојно да доаѓаат до нови сознанија.

Семејно-драмското катче е богато со импровизирани детски домашни апарати, кујнски прибор, кукли, фризерско катче, стара облека и сл. со кои децата играјќи разни улоги се внесуваат во ликовите кои ги глумат (мајка, татко, учителка).

Разновиден градежен и конструктивен материјал се наоѓа во конструктивното катче. и во него доаѓа до израз креативноста на децата , што се согледува преку се она што децата успеваат да го искреираат и да го направат.

Сообраќајното катче е опремено со сообраќајно килимче, разни сообраќајни средства, знаци, преку кои децата постепено ја усвојуваат сообраќајната култура и се учат на бон-тон во сообраќајот.

Музичкото катче е снабдено со детски музички инструменти, радио, касетофон, разновидни предмети кои произведуваат специфични звуци како и сликовници што испуштаат музички сигнали.

Ваквиот избор на катчиња креира една мошне стимулативна средина за учење и осознавање низ игра, во која децата се чувствуваат сигурно,среќно и задоволно од својата активираност и своите постигнувања

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk