-
ЈУДГ ,, 25 Мај'
- еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
Наскоро.. Read More
- 1
- 2
- 3
Политика за приватност
- Детали
- Посети: 2355
Офицер за заштита на личните податоци :
Марина Анѓелкова Арсова,
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
телефон: +389 2 2522 473 лок. - правник
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Овластено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер согласно член 8 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија 101/19")
Марина Анѓелкова Арсова
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел. 078 388 694
ЈУДГ 25 Мај Гази Баба Скопје
Ул. Среќко Пужалка бр.112
Скопје
тел. 02/2522473
web: http://www.gradinka25maj.mk
Основни податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување:
Марина Анѓелкова Арсова
тел. 078 388 694
Слободен пристап до информации од јавен карактер
ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
Усно или писмено барање
Член 12
(1) Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис.
(2) Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма.
(3) Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
Усно барање
Член 13
(1) Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) од овој закон.
(2) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето од ставот (1) на овој член, веднаш, а најдоцна во рок од пет дена од денот на поднесување на барањето, овозможува запознавање со содржината на бараната информација на начин што му дава на увид или му обезбедува препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација.
(3) Ако имателот на информацијата одговори негативно на барањето или не може веднаш да одговори на барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавањето со информацијата, службеното лице за посредување со информации е должно за барањето да изготви решение во кое ќе внесе податоци за барателот, датумот на прием на барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член, барателот на информација има право на жалба до
Агенцијата, во рок од 15 дена од приемот на решението.
(5) Во случаите од ставот (3) на овој член натамошната постапка по усно барање продолжува како по писмено барање во согласност со овој закон.
Писмено барање
Член 14
(1) За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со овој закон.
(2) За прашања на постапката од ставот (1) на овој член кои не се уредени со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
Поднесување на барањето
Член 15
(1) Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации.
(2) Барањето од ставот (1) на овој член поднесено во електронска форма се смета за писмено барање од членот 14 од овој закон.
Содржина на барањето
Член 16
(1) Формата на образецот на барањето за пристап до информациите ја пропишува директорот на Агенцијата и имателот на информацијата е должен да му го обезбеди образецот на барателот.
(2) Барањето се поднесува на образецот од ставот
(1) на овој член или во друга форма и на начин согласно со членот 12 став (1) од овој закон.
(3) Барањето содржи назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.
(4) Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
(5) Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.
(6) Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно со овој закон, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.
Дополнување на барањето
Член 17
(1) Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од дополнување на барањето.
(2) Службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна помош при дополнување на барањето.
(3) Ако барателот не постапи согласно со ставот (1) на овој член, имателот на информацијата со решение ќе го отфрли барањето.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Агенцијата.
(5) Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го отфрли барањето.
(6) Против решението за отфрлање на барањето од ставот (5) на овој член дозволена е жалба до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Препраќање на барањето
Член 18
(1) Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
(2) Рокот за добивање на информацијата почнува да тече од денот на добивањето на барањето кај имателот на информацијата на кој му е препратено барањето од ставот (1) на овој член.
Член 19
Постапката по барањето за пристап до информации кај имателот на информации ја спроведува службеното лице од членот 8 од овој закон.
Постапување по барањето
Член 20
(1) Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето или ако барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение.
(2) Решението од ставот (1) на овој член, со кое барањето делумно или целосно е одбиено задолжително содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено и за резултатите од спроведениот тест на штетност.
(3) Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 од овој закон не му овозможи на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение се смета дека барањето е одбиено по што барателот може да поднесе жалба до Агенцијата во рок од 15 дена.
Член 21
(1) Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето.
(2) Имателот на информацијата, информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.
Продолжување на рокот за доставување на бараната информација
Член 22
(1) Во случај кога имателот на информацијата треба да овозможи делумен пристап до информацијата согласно со членот 6 став (4) од овој закон или поради обемноста на бараната информација му е потребно подолго време од рокот утврден во членот 21 од овој закон, рокот може да се продолжи најмногу до 30 дена од денот на приемот на барањето.
(2) Имателот на информацијата за продолжувањето на рокот од ставот (1) на овој член е должен во електронска форма да го извести барателот веднаш, а најдоцна седум дена од денот на приемот на барањето.
(3) Ако имателот на информацијата не постапи во рокот од ставот (1) на овој член, барателот на информацијата може да поднесе жалба до Агенцијата.
Одговорени барања
Член 23
Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од три месеци пред денот на приемот на барањето.
Доставување одговор по бараната информација
Член 24
(1) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето, веднаш му овозможува на барателот запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
(2) Ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи увид на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина.
(3) Ако, како резултат на добиената информација, произлезе барање за дополнителна информација поврзана со документите кои ги поседува имателот на информацијата, барателот поднесува ново барање, согласно со членовите 15 и 16 од овој закон, заедно со одговорот што веќе го добил.
(4) Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата.
(5) Ако имателот на информацијата не одговори на повторното барање на барателот на информацијата, по истекот на рокот утврден во ставот (4) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Агенцијата во рок од 15 дена.
( Образец ПП……)
До: Биро за регионален развој
(имател на информацијата)
Б А Р А Њ Е
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Од:
___________________________________________________________________
(се наведуваат податоци за Барателот: назив, име и презиме, адреса, тел, фах, е-маил)
Застапник / полномошник на барателот на информацијата:
_______________________________________________________________________
(се наведуваат податоци за можниот застапник/полномошник на Барателот: назив, име и презиме, адреса, тел, фах, е-маил)
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), од Имателот ја барам следната информација од јавен карактер: _______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
(опис на информацијата која се бара)
Начин на кој Барателот сака да се запознае со содржината на бараната информација:
- а) увид
- б) препис
- в) фотокопија
- г) електронски запис
- д) друго _____________________________________
(се наведува бараниот начин, со заокружување)
Начин на доставување на информацијата:
- а) по пошта
- б) телефон
- в) факс
- г) е-маил
- д) друго _____________________________________
(се наведува бараниот начин, со заокружување)
Правна поука: Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.
Потпис
Во Скопје, ______________година. __________________________________
(доколку барањето се поднесува во хартиена форма)
ЈУДГ ,,25 МАЈ,,-ОПШТИНА ГАЗИ БАБА-СКОПЈЕ
ГОДИШЕН ПЛАН
ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА
р.б. |
предмет на договорот за јавна набавка |
шифра ОдОПЈН |
Очекуван почеток на набавката |
Проценета вредност безддв |
Вид на постапката( по Закон за јавни набавки) |
забелешка |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
Договори за јавни набавка на стоки |
||||||
1 |
Набавка на овошје и зеленчук (свежо, конзервирано, замрзнато и сушено) и сокови природни негазирани |
Февруари |
2.000.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
2 |
Набавка на јунешко месо, смрзнато пиле, риба (смрзната и конзерва) и јајца |
Февруари |
1.700.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
3 |
Набавка на леб и пецива |
Февруари |
1.770.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
4 |
Набавка на млеко и млечни производи |
Февруари |
1.600.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
5 |
Набавка на житарки и производи од жито, разни колонијални прехрамбени производи и додатоци во исхрана |
Февруари |
1.500.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
6 |
Набавка на хигиенски средства , потрошен материјал и галантерија за одржување на хигиена и професионални средства за хигиена |
Февруари |
830.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од сопствени приходи |
|
7 |
Набавка на канцелариски материјали и тонери |
Февруари |
168.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
8 |
Набавка на компјутерска опрема |
Април |
800.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
од наменски дотации |
|
9 |
Набавка на мебел |
Април |
450.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
10 |
Набавка на работни обувки |
Април |
250.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
11 |
Набавка на работна облека |
Април |
295.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
12 |
Набавка на ситен инвентар за кујна и разни намени |
Мај |
150.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
13 |
Набавка на горива и масла |
Мај |
210.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
14 |
Набавка на детски постелнини |
Мај |
200.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
15 |
Набавка на клими |
Мај |
150.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
16 |
Набавка на наставно-образовни помагала за работа со деца и кабинети – дидактика и играчки |
Мај |
290.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
17 |
Набавка на резервоар за нафта |
Јуни/Јули |
300.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
18 |
Нафта за греење-екстра лесно гориво |
Јуни/Јули-2021-континуир.набавка |
3.360.000,00 |
групна набавка |
од наменски дотации |
|
19 |
Набавка на огревен материјал- пелети за градинки Морковче и Искра |
Ноември |
330.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
20 |
Набавка на разни материјали за поправка и одржување на објекти и опрема |
Декември |
254.237,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
Договори за јавни набавка на услуги
|
||||||
1 |
Сервисирање, поправка и одржување на ел.машини и апарати во кујна и перална,клима уреди и сл. |
Февруари |
296.610,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
2 |
Изнајмување на компјутерски програм за градинско работење |
Февруари |
124.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
3 |
Набавка на мобилни комуникациски услуги за период од 2 години |
Февруари |
200.000,00 годишно |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
4 |
Систематски прегледи на вработени |
Март |
120.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
5 |
Изработка на проектна документација за потребите на ЈУДГ 25 Мај |
Март |
420.000,00 |
Набавка од мала вредност |
Наменски дотации |
|
6 |
Оџачарски услуги по Закон за ПП заштита |
Април |
169.492,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
7 |
Санитарни прегледи на вработени |
Август |
140.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
8 |
Дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објекти |
Јуни |
80.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
9 |
Осигурување на имот ,опрема и возила |
Јуни |
84.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
10 |
Услуги за обезбедување на објекти и надзор |
Септември |
254.000,00 |
Групна набавка |
Наменски дотации |
|
11 |
Агенција за привремени вработувања |
Септември |
3.000.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
Општинска буџетска сметка |
|
12 |
Услуги за фиксна телефонија и интернет за период од 2 години |
Октомври |
127.118,00 годишно |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
Договори за јавни набавка на работи |
||||||
1 |
Адаптација на вц простории во објект Сонце |
Јуни |
1.000.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
Наменски дотации |
|
2 |
Одржување на згради, бојосување, фарбање |
Јуни/јули |
200.000,00 |
Набавка од мала вредност |
од сопствени приходи |
|
3 |
Поставување на ролетни / завеси |
Јуни/Јули |
100.000,00 |
Набавка од мала вредност |
Наменски дотации |
|
4 |
Санација на помошна кујна објект Искра |
Јуни/Јули |
2.000.000,00 |
Поедноставена отворена постапка |
Наменски дотации |