• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Програма

Национална програма за воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст

Националната програма за воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски градинки претставува национален декумент усогласен со современите општествено-демократски и плурални движења кај нас, а воедно и со уставот на Република Македонија како и со декларацијата и конвенцијата на правата на децата. Наменет е за воспитувачите како непосредни реализатори на воспитно-образовната работа, стручните соработници и директорите во јавните детски градинки. Таа ни дава насока во реализацијата на планираните теми, преку соодветни содржини и задачи. Содржините од предвидените теми се избираат од сите воспитно-образовни подрачја : запознавање на природата и околината, култура на говор, комуникација и творештво, математика, ликовно, музичко, и физичко воспитание и се внимателно адаптирани на возраста, сознанијата и интересот на децата. Најпрво се пристапува кон реализирање на групна активност а потоа се продолжува со работа во катчињата што води кон исполнување на поставените цели и задачи. На тој начин се изразува и поттикнува креативноста, комуникациските и творечки способности кај децата како и интелектуалниот, физичкиот и социо-емоционалниот развој.

 

 

Чекор по чекор

Оваа програма се реализира со работа по катчиња , што бара соодветно уредување на занималните и опременост со надгледни средства, материјали, апликации и сл. Целта на оваа програма е децата да се стекнат со базични и проширени знаења, навики, вештини, способности, развивање на естетскиот вкус, свест за одговорност , грижа за животната средина, изградување на хумани односи меѓу половите, како и подготовка за понатамошно продолжување на образованието на училиште.

 

 

Основи на демократијата

Проектот за граѓанско образование ,,Основи на демократијата" овозможува на децата да им се доближат основните принципи на демократијата: авторитет, одговорност, правда и приватност и истите да ги усвојата преку разновидни насочени, слободни и животни активности. Долгогодишното искуство покажува позитивни ефекти, а во работата со децата се користи посебно изготвен прирачник- сликовница од оваа област.

 

Инклузија на деца со посебни потреби во редовните групи

Преку овој проект децата со посебни потреби се вклучуваат во редовните групи за да им се овозможи полесна адаптација и социјализација како и полесно вклучување во воспитно-образовниот процес.За таа цел приоритет на градинката е да обезбеди соодветни услови за престој на оваа категорија на деца.

 

 

Инклузија на деца од Ромската популација во редовните групи во детските градинки

Овој проект се реализира во објектот ,,Искра" и ги опфаќа децата од социјално загрозена категорија на возраст пред поаѓање на училиште, со цел да се вклучат успешно во редовниот воспитно-образовен систем. Проектот е одобрен од Министерството за труд и социјална политика и поддржан од Министерството за образование и наука.

 

Мозаик

Проектот ,,Мозаик" опфаќа билингвална македонско-албанска група која од месец Март 2012 година повторно продолжи да се реализира во објектот ,,Синоличка" и продолжува со работа и во наредниот период. Во оваа група се опфатени деца од македонска и албанска нацоналност. Целта на овој проект е децата да се поттикнуваат на заедничко дружење и соживот, а разликите во етничката, верската и културна припадност да се подразберат не како слабост, но како вистинско општествено богатство.

 

Стандарди за рано учење и развој кај децата од 0 до 6

Стандардите за рано учење и развој кај децата од предучилишна возраст се подготвени со поддршка на УНИЦЕФ и се резултат на иницијативите на Владата на Република Македонија односно на Министерството за труд и социјална политика да го подобри квалитетот на раното учење кај децата на возраст од 0-6 години во Република Македонија. Овие стандарди тргнуваат од претпоставката дека учењето во текот на раното детство е основа за успех во текот на целото понатамошно живеење, вклучувајки го и образованието како важен сегмент на животот. Затоа на сите деца треба да им се даде еднаква можност за успешен старт во животот. Стандардите се користат флексибилно и го поддржуваат индивидуалниот развој на секое дете без разлика на етничката, културолошката припадност и социо-економскиот статус.

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk