-
ЈУДГ ,, 25 Мај'
- еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More -
ЈУДГ ,, 25 Мај'
Наскоро.. Read More
- 1
- 2
- 3
Артикли
Правилник за внатрешна организација
- Детали
- Посети: 514
Врз основа на член 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ„ бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18,198/18 и „Службен весник на РСМ„ 143/19и 14/20) и член 116 став 1 алинеа 8 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија„ бр.23/13, 12,14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.104/19,146/19, 275/19 и 311/20)и член27 став 1 алинеја 9од Статутот на Јавната установа за деца - детска градинка „25 МАЈ“ – општина Гази Баба - Скопје бр.01-466/2 од 26.12.2013год., Управниот одбор на Јавната установа за деца- детска градинка „25 МАЈ“ – општина Гази Баба - Скопје, на седницата одржана на ден _____.06.2021година, донесе
П Р А В И Л Н И К
за внатрешна организација на ЈУДГ “25 МАЈ“ на Oпштина Гази Баба во Град Скопје
Член 1
Општа одредба
Со овој правилник се пропишуваат начелата на внатрешната организација на ЈУДГ “25 МАЈ“- О.Гази Баба- Скопје видовите на организациски единици, условите за нивното формирање и раководењето со организациските единици..
Член 2
Начела
Во внатрешната организациска поставеност на ЈУДГ “25 МАЈ“- О.Гази Баба- Скопје се применуваат следниве начела:
$1- законитост, стручност, ефикасност и економичност во вршењето на работите и задачите;
$1- насоченост кон корисниците на услугите на установата;
$1- одговорност при вршењето на службените задачи;
- еднообразност и хиерархиска поставеност на организацијата на работните места;
$1- делегирање на овластувања;
$1- меѓусебна координација на раководителите на организационите единици-објекти, координација на раководителите и директорот на јавната установа за деца, координација на службите и директорот и меѓусебна координација.
Примената на начелата од ставот 1 на овој член, се заснова на следните критериуми:
$1- надлежностите на јавната установа за деца утврдени со закон и процесите кои се одвиваат во работењето,
$1- видот, обемот, сложеноста на работите и задачите и нивната меѓусебна сродност и поврзаност.
Член 3
Aкт за внатрешна организација
Со актот за внатрешна организација на ЈУДГ “25 МАЈ“- О.Гази Баба - Скопје се уредуваат:
$1- видот и бројот на организациските единици и на службите на јавната установа за деца
$1- делокругот на работа на организациските единици,службите, нивната одговорност и меѓусебни односи, и
$1- начините и формите на раководење (стручни совети и други совети.) и нивнитте надлежности и одговорности.
Составен дел на актот за внатрешна организација е графички приказ на организацијата на установата (органограм).
Член 4
Организациски единици и служби
Заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја/функции од надлежност на установата, како и заради организирање, следење и координирање на работите од надлежност на установата и унапредување на нивната меѓусебна соработка, се формираат 7 организациони единици - објекти (Сонце, Синоличка, Искра, Детелинка, Пони, Морковче и Пеперутка) .
Заради непосредно извршување на згрижувачко воспитни работи, воспитно образовни, психолошки педагошки работи, работи на социјална заштита на децата, работа на превентивна заштита на децата, и други стручни работи за заштита на децата, како и нормативно правни работи, управување со човечки ресурси, материјално-финансиски работи, се формираат 3 служби.
Службите можат да имаат два или повеќе оддели.
Вработените во службите имаат статус на административни службеници, помошно-технички лица и даватели на услуги.
Член 5
Во установата за деца има:
$1- 7 седум објекти-организациона единица и
$1- 3 три служби (административна-помошна техничка служба, стручна служба и воспитно згрижувачка служба ).
Со организационата единица-објект раководи, раководител на објект, на кој за работата му одговаараат давателите на јавните услуги од воспитно згрижувачка служба (воспитувачи и негователи), и вработените од помошно техничкиот оддел кои се распоредени во тој објект.
Раководителот на објект за својата работа одговара на директорот на установата.
Стручната служба (стручни работници. и стручни соработници.) и административна помошна техничката служба (административните работници и помошно-техничките работници) за својата работа одговараат на директорот на установата.
Вработените во помошно техничкиот оддел кои се распоредени во објект-организациона единица за својата работа одговараат на раководителот на објектот.
Член 6
Административна помошно техничка служба
Административна-помошно техничка служба врши правни административни сметководствени и финансисики работи и управување со човечки ресурси и се грижи за ефикасни и законско работење на установата. Административино- помошна техничката служба исто така опфаќа и одржување на објекти и опрема , превоз на лица и опрема, организирање на исхрана и други помошно технички работи.
Административно-помошно техничка служба има два оддела административен оддел и помошно-технички оддел.
Во административниот оддел се систематизирани следните работни места: Советник - секретар, Виш соработник сметководител,Помлад соработник сметководител, Самостоен референт-Материјален книговодител, Референт аналитичар евидентичар, Помлад референт администратор (вршител на административни работи). Бројот на систематизирани работни места во административниот оддел е во согласност со Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца, односно нивниот број изнесува шест систематизирани работни места.
Во помошно техничкиот оддел се систематизираат следните работни места: хаусмајстор, хигиеничар, градинар, магационер, набавувач, возач, перачка/пеглачка, садомијачка/серверка, главен готвач, помошник готвач.
Член 7
Стручна служба
Стручната служба врши стручни работи за заштита на децата, педагошки и психолошки работи, работи на социјална заштита на децата, работи на превентивна здравствена заштита.
Стручната служба има две оддела: оддел на стручни работници и оддел на стручни соработници.
Во одделот на стручни работници се систематизирани следните работни места: стручен работник и приправник.
Во одделот на стручни соработници се систематизирани следните работни места: стручен соработник и приправник.
Член 8
Воспитно-згрижувачка служба
Воспитно згрижувачката служба врши воспитно згрижувачки работи и воспитно образовни работи. Воспитно згрижувачката служба има два оддели .
Воспитен оддел во кој се систематизирани следните работни места:советник, ментор, воспитувач и приправник.
Oддел негователи во кој се систематизирани следните работни места: ментор, неговател /помошно стручен работник и приправник.
Член 9
Вкупниот број на извршителите за секоја од службите е утврден согласно нормативите утврдени во Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на јавната детска градинка.
Член 10
Усогласување на актите на внатрешна организација
Правилникот за внатрешна организација на ЈУДГ “25 МАЈ“- О.Гази Баба - Скопје, е во согласност со Правилникот за начелата на внатрешна организација на детските градинки.
Член 11
Овој правилник може да се измени и дополни на начин и постапка како и при неговото донесување.
Член 12
Овој правилник влегува во сила со денот на донесувањето, по добиена согласност од Советот на Општина Гази Баба, а ќе се применува по добиена согласност од МИОА.
Бр. 1-278/1 Претседател на УО.
16.06.2021 година
Скопје_________________