• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Артикли

Годишни теми

ГОДИШНИ ТЕМИ

 

 

     Бидејќи раниот детски развој има огромно значење за децата многу е важно каква треба да биде воспитно-образовната дејност во градинката за да им овозможиме максимална поддршка на децата да израснат во самоуверени, продуктивни и среќни членови на нашето општество. Во контекст на ова се и нашите заложби како градинка за унапредување и усовршување на воспитно-образовниот процес.

     Работата во групите со деца од најрана предучилишна возраст покрај грижата и негата на детето, подразбира и развивање на елементарните навики за исхрана, навики за контролирање на физиолошките потреби, формирање на хигиенските навики и сл. Активностите ги изведуваат две негователки. Преку планирани воспитни активности се развиваат детските сетилни органи, движењата, со што децата се поттикнуваат на одредени активности презентирани преку различни видови на игри (дидактички, подвижни, манипулативни и сл.). Со оваа програма на децата ќе им се овозможи да ја доживеат градинката како средина каде сите имаат еднакви можности да се вклучат во животот и работата без оглед на телесната, половата, психичката конституција, националната припадност, да ги развиваат социјалните перцепции, да ги развиваат способностите за адаптација во нова средина, интерперсоналните односи и комуникациските вештини, да се развие поимот за себе, свеста кон групата, социјалната интелигенција и сл.

     Во групите што опфаќаат деца од постара предучилишна возраст активностите ги обавуваат воспитувач и неговател. Воспитувачот врз основа на ,, Основите на програмата за воспитно-образовна работа во предучилишното воспитание и образование", а имајќи ги во предвид условите за работа, пошироката околина, културата и менталитетот на средината, индивидуалните разлики, потребите и можностите на децата во конкретната група изготвувa ориентациони годишни теми кои понатаму се разгрануваат во субтеми, а истите во програмски ситуации..

Воспитно-образовната работа се планира и реализира интегрирано. При планирањето воспитувачот јасно и прецизно ги дефинира целите на воспитно-образовната работа, а потоа определува активности со кои ќе се реализираат ефикасно определените цели.

     Во малите групи децата се здобиваат со основни сознанија водејки сметка за нивната календарска возраст, а понатаму како растат и созреваат интелектуално, социјално, и емотивно веќе во средните и големите предучилишни групи може да се пристапи кон подлабоко и пошироко обработување на предвидените содржини. Водени од ова воспитувачите во групите мошне внимателно ги планираат дневните активности кои секогаш соодвествуваат со возраста и интересот на децата и истите ги реализираат.

Во оваа учебна 2017/2018 година планираните годишни теми во чии рамки се планираат и реализираат воспитно-образовните активности се следните:

 

  • „Градинка дечиња , мои пријателчиња „
  • „Есен богата даровита и плодна„
  • „Бела , бела , белина„ 
  • „Семејно стебло„
  • „Природата дарува , секој да се радува„ 
  • „Чувај ја, пази ја, негувај ја, не гази ја „
  • „Патувам, патувам - нови дестинации откривам„

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk