• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Артикли

Огласи 3

- Интерен оглас Бр.01/2020

Интерен оглас

Јавна установа за деца детска градинка 25 Мај Гази Баба Скопје

Врз основа на член 143 ст.5 и 6 од Законот за заштита на децата(Сл.весник на РМ бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, 104/19 и 146/2019), Согласноста од Министерство за Финансии бр.18-932/7 од 21.11.2019 год.; и член 39 од Статутот на ЈУДГ „25 Maj“ Гази Баба директорот на Јавната Установа на ден 26.11.2019 година објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.01/2019

за унапредување на едно лице од работно место неговател на работно место Воспитувач на деца над 2-6 годишна возраст - приправник на неопределено време

1.ДЕЗ 03 03 В04 001– Воспитувач на деца над 2-6 годишна возраст - приправник IV ниво– 1 (еден)извршител.

Општи услови

  • да е државјаниннаРепубликаМакедонија;
  • да е физички и психички здрав;
  • да го познава македонскиот јазик и кириличното писмо;
  • да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена казна со правосилна пресуда со која е осудено за кривично делоза семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосвернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување.

Посебни услови

- за ниво В4 - воспитувач на деца над две години возраст до шест години возраст, односно до поаѓање во основно училиште (дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен и воспитувач за престој на деца на возраст од шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст (дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен и да се со важечка лиценца за воспитувач, без/со работно искуство во струката.

Покрај општите и посебните услови, кандидатот треба:

  • Да е оценет со оцена “4” или “5” при последното оценување
  • Да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

Распоред на работно време

  • Работни денови од понеделник до петок
  • Работни часови неделно 40 часа
  • Работно време од 07:00 -15:00 часот

Паричен бруто износ на плата: 32.764,40денари; нето 22.178,80

Рокот за пријавување изнесува 5работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот, а изборот ќе се изврши во рок од 10дена по истекот на рокот за пријавување.

Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава за вработување со прилог потребна документацијаи тоа:

-диплома/свидетелство за завршено соодветно образование -оригинал или копија заверена на нотар;

-уверение за државјанство;

- лекарско уверение;

-Потврда дека го познава македонскиот јазик и кириличното писмо;

-доказ од надлежен суд дека на кандидатот не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;

 -доказ од надлежен суд дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување;

-важечка лиценца за воспитувач - оригинал или копија заверена на нотар

- потврда од Установата со која се потврдува дека кандидатот е оценет со оцена “4” или “5” при последното оценување, дека работел најмалку 2 години на тековното работно место и дека не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

Право на учество имаат сите вработени кои ги исполнуваат условите од градинка.Пријавите со потребната документација кандидатите треба да ја достават во хартиена форма до архивата наЈУДГ „25 Maj“ Гази Баба Скопје, ул. „Среќко Пужалка “ број 112 преку пошта или во Установата

(со назнака: “за интерен оглас бр.01/2019”)

Лице за контакт : м-р. Марина Анѓелкова Арсова, телефонски број 02 2522473

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија, формирана за спроведување на постапката за унапредување.

Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна Пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

ЈУДГ 25 МАЈ ГАЗИ БАБА СКОПЈЕ

Дел.бр.04-477/1 од 26.11.2019 година

We use cookies to improve our website and your experience when using it. Cookies used for the essential operation of the site have already been set. To find out more about the cookies we use and how to delete them, see our privacy policy.

I accept cookies from this site.
EU Cookie Directive plugin by www.channeldigital.co.uk