• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Соработка со родители

Соработката на детската градинка со родителите и квалитетната комуникација на релација дете-воспитувач-родител е еден од основните фактори насочени кон обезбедување на правилен и оптимален развој и учење на детето. оваа релација за да се активира  и реализира потребно е следното: 

 

  • поттикување на родителите за нивно активно вклучување во подготовката и реализацијата на воспитно - образовниот процес ;
  • советот на родители кој во соработка со градинката ќе овозможи донесување на важни одлуки и решенија за успешно извршување на воспитно-образовната работа;
  • присуств на родителите во процесот на адаптација на детето и организирање на работилници за разни поводи;
  • организирање на родитеслки средби , поединечни разговори со родителите и сл. ;
  • информирање на родителите (усно, писмено, огласна табла, информативни материјали ...);
  • консултатитвни разговори со цел навремено реагирање и конструктивно решавање на проблемите поврзани со развојот а детето;
  • учество на родителите во приредби, прослави, декорирарње на просторот во градинката и сл.;
  • вклучување на родителите во работилници за опремување на просторот  за одгледување на градинарски култури  за потребите за здрава и правилна исхрана  на нивните деца;
  • вклучување на родителите во реализација  на Еко - програмата 

 

Сите овие клучни сегменти преку нивната реализација ќе допринесат за решавање на многу прашања поврзани со детето , а со тоа и можност родителот директно да влијае врз воспитаниео на неговото дете, неговиот развој и исполнувањето на неговите желби, интереси и потреби.

Отвореноста на детската градинка кон семејството е важна компонента во успешно реализирање на воспитно-образовната програма и самото функционирање на градинката . При планирањето на оваа соработка ќе бидат почитувани следните принципи: 

 

  • почитување на семејството како примарен и основен фактор  во развој на децата ;
  • почитување на психолошко-педагошките аспекти на одвојување на детето од семејството ;
  • почитување на потребата од усогласување на постапките кај сите воспитно-образовни фактори ;
  • почитување на современите вспитно-образовни тенденции во градинката;
  • почитување на индивидуалноста на сеое дете , како и за инзворно информирање на родителите секоја прва среда во месецот е отворен ден за родителите