• ЈУДГ ,, 25 Мај'

    - еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете - индивидуализиран пристап кон детето - вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес Read More
  • ЈУДГ ,, 25 Мај'

    еднаков пристап до квалитетна воспитно –образовно делување и згрижување на секое дете Read More
  • 1
  • 2
  • 3

Годишни теми

Бидејќи раниот детски развој има огромно значење за децата многу е важно каква треба да биде воспитно-образовната дејност во градинката за да им овозможиме максимална..

 

Повеќе..

Родителско катче

СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИ

Семејството е центар на животот на децата, а родителите се првите воспитувачи на децата. Децата секогаш треба да се гледаат во контекст на своето семејство. Фактот дека ,, Големиот човек ја покажува..

Повеќе..

Активности

 Разни активности..:)

P1040160 DSC 1094   

 Повеќе..

Градинки

" Сонце "                                " Синоличка "                         " Искра "

sonce   sinolicka   iskra

 " Детелинка "                         " Пони "                                    " Морковче "

detelinka   poni   cvet

Проекти

ЕКСТЕРНИ ПРОЕКТИ :

1. „Инклузија на децата од ромска популација во редовните групи во детските градинки “
2. „Инклузија на децата со посебни потреби во редовните групи“
3. „Спорт и спортски активности“
4. „Градот низ детските очи“
5. „Бон тон за деца “
6. „Од дете за дете “
7. „Градина во детските градинки“

Повеќе..

Градинка 25 Мај

СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИ

Семејството е центар на животот на децата, а родителите се првите воспитувачи на децата. Децата секогаш треба да се гледаат во контекст на своето семејство.  

Фактот дека ,, Големиот човек ја покажува својата величина преку начинот на кој постапува со малите луѓе (Карлајл)" треба да ни претставува репер на сите возрасни да го слушаме она дете кое било некогаш во нас и кое сеуште постои во нас. Само на таков начин ке ги дознаеме детските желби и потреби и ќе најдеме начин да ги исполниме.

Начинот на кој се сваќате самите себе си се одразува на вашиот однос кон децата.

Ако сакате да го разберете полесно вашето дете најпрво треба да тргнете од себе си.

Кај децата уште во најраната возраст се случува процесот на стекнување на претставата за себе и самодовербата. Затоа е неопходно да им се дадат соодветни и позитивни претстави за себе бидејќи истите ќе се одразат и ќе имаат влијание врз целиот нивни живот.

-Самодовербата кај детето е најважниот сегмент кој треба да го развиваме во текот на целиот негов живот

-Децата учат од она што го гледаат

-Со своите постапки допринесете детето да стекне доверба во вас

-Пофалете ги и најмалите успеси на детето! - Сепак пофалбата е покорисна од казната

-Покажете им на децата дека верувате во нивнте способности и тие ќе се трудат да ја оправдаат вашата доверба

-Не го подготвувајте вашето дете за во градинка со зборовите:

,, Ке видиш ти кога ќе тргнеш во градинка, тие ке те средат!"

-Дијалогот, разговорот со децата е најхрабриот пат до успехот.

 

И повторно ако се запрашаме како да постапиме со децата ке видиме дека одговорот е тежок онолку колку што е и едноставен. Тежок е бидејки треба да имаме сознанија за многу нешта, треба да знаеме многу за сопствената личност и за децата, треба внимателно да размислуваме и постапуваме со нив, но пред се треба да сме луѓе со големо срце.

Од друга страна пак е едноставен бидејќи успехот во остварувањето на контактот со децата се гледа само ако со нив се однесуваме како со возрасни. Колку побрзо ќе го прифатиме детето како личност, толку побрзо ќе го пронајдеме начинот на кој ќе му помогнеме да расте и да се развива правилно во сите аспекти на животот.

Во воспитувањето најважно е да се воспостави однос на прифаќање, разбирање и сочувствување на релација ЈАС – ТИ помеѓу возрасниот и детето.

 

-Откако воспитувачот ќе ги открие позитивните реакции на однесување кај своето дете треба да му укаже на родителот истите да ги поттикнува и понатаму.

-Треба да се поттикне самодовербата на родителот со тоа што ќе му се укаже на неговите добри и позитивни постапки кон своето дете.

-Кога родителот ќе го изнесе својот проблем не давајте му веднаш совети, но прашајте го како мисли дека треба да постапи со своето дете, со цел да се стави во позиција да размислува , да пронаоѓа делотворни решенија и да ги испробува.

 

Кога постои перавилна комуникација меѓу родителот и воспитувачот, кај родителот се формира чувство на сигурност за своето дете. Кога ке се изградат позитивни односи на релација родител-воспитувач родителот е секогаш подготвен да соработува и да се вклучува во унапредувањето на работата во градинката.

 

На крајот ке се запрашате :

,, Кој е најдобар начин за правилно да го воспитам своето дете?"

Ние ќе ви откриеме. Постојат три начина:

  1. Личен пример
  2. Личен пример
  3. Личен пример

 

Децата учат од начинот на кој живеат.

 

  • Дете кое живее со љубов учи да љуби
  • Дете кое живее со подбив учи да биде срамежливо
  • Дете кое живее со вистината учи за правдата
  • Дете кое живее со недоверба учи да мами
  • Дете кое живее со среќа ќе пронајде љубов и убавина

 

Патот до детскиот разум води преку неговото срце. Детското поведение повеќе зависи од влијанието на емоциите, а не толку од уверување и објаснување.